Вонреден професор д-р Никола Дујовски ДЕКАН

Вонреден професор д-р Никола Дујовски ДЕКАН

Професор д-р Никола Дујовски е роден во 1977 година во Берово.

На Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје во ноември 2011 година се стекнува со титулата Доктор на правни науки со одбрана на својата докторска дисертација на тема „Процесот на преговарање за прием во членство во Европската унија, во областите правда и внатрешни работи и заедничка надворешна и безбедносна политика“.

Во својата долгогодишна професионална кариера, работел на повеќе работни места во Полициската академија и Министерството за внатрешни работи. Бил заменик директор во Полициската академија и шеф на кабинет на директорот, виш советник во Секторот за Европска унија во Кабиентот на Министерот за внатрешни работи, а работел и во Одделението за безбедност во патниот сообраќај во СВР Скопје.

На Факултетот за безбедност работи од Октомври 2007 година, како помлад асистент, асистент, доцент и денес вонреден професор. На 17 јуни 2013 година е избран за продекан за настава на Факултетот.

Проф. д-р. Дујовски учествувал на повеќе од 50 меѓународни собири и меѓународни конгреси и конференции, а објавил и повеќе од 40 научни трудови во домашни и странски списанија.

Полето во кое истражува се Европските интеграции, како и полициските науки. Активно е вклучен во соработката со повеќе меѓународни организации како CEPOL, AEPC, DCAF, OSCE и други. Се служи со англиски и германски јазик.

Prof. d-r Nikola Dujovski is the Dean of the Faculty of Security – Skopje, University “St. Kliment Ohridski”- Bitola.

In the period 2013-2017 he was a Vice Dean responsible for teaching and science.

He is Associate Professor in Police Ethics, Police Management, Integrated Border Management, Illegal Migration and Smuggling and Justice and Home Affairs of the EU.

His professional background encompasses both, law enforcement and academic work. Prior to the academic career, his law enforcement engagement of 12 years involves various positions within the Ministry of Interior including operational and commanding level.

Hi received Master of Science in European Integrations in 2008, and Doctoral Degree in Law in 2011. He participated in over 100 international conferences and international congresses and seminars, and published more than 50 scientific papers in national and international journals. His field of academic interest is related to the security, police works and European integrations.

He is also a member of National Advisory Team for Border Management, actively involved in preparation of National Strategy for Border Management 2015-2020.

As researcher he was a part of a various domestic and EU funded projects, mainly related to the transformation of studying at the Police Academy in Skopje. At the moment he is a part of a longitudinal research “Citizens opinion of the Police work”. He is a reviewer of papers from international scientific publications, and of MA and PhD thesis at the Faculty of Security Skopje and the Faculty of Law “Iustinianus Primus” in Skopje.

He is National Contact Person for co-operation with CEPOL, AEPS and BALPEC. He is a member of program committee of H2020 secure societies, and NCP for H2020 Secure society programme. He is active in cooperation with several international organizations such as CEPOL, AEPC, DCAF, OSCE and others.

 

Превземи CV  за проф. д-р Никола Дујовски

1. Малиш Саздовска, Марина и Дујовски, Никола. 2009. Безбедносен менаџмент. Скопје Факултет за безбедност (Универзитетски учебник – Објавување на учебникот е одобренно со одлука бр. 0201/36 од 19.06.2011 година, на Наставно-научниот совет на Факултетот за безбедност – Скопје донесена на 15.06.2009 година);
2. Дујовски, Никола. 2009. Шенген и потоа. Кочани: УНИ-КОНЗУМ (монографија);
3. Дујовски, Никола. 2008. Шенгенски договор. Белград: Удружење правника Србије, Копаоничка школа природног права;
4. Дујовски, Никола. 2008. Од олеснување до целосна либерализација на визниот режим. Скопје: Годишник на Полициската академија 2007/2008 година;
5. Дујовски, Никола. 2010. Европските интеграции низ перспективата на безбедноста во сообраќајот. Скопје: Годишник на Факултетот за безбеднсот 2010 година;
6. Дујовски, Никола. 2010. Критериумите за членство во ЕУ и перспективата за земјите од Западен Балкан. Скопје, Факултет за безбедност Научно стручна конференција на тема: Безбедност, еколошка безбедност и предизвиците за Република Македонија;
7. Мургоски, Борис и Дујовски, Никола. 2010. Црни точки во сообраќајот. Скопје: Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата;
Полициска етика со деонтологија
Интегрирано гранично управување
Полициски менаџмент
Правда и внатрешни работи на ЕУ
Право на ЕУ – правда и внатрешни работи
Основи на етика

Понеделник од 10.30 до 12.30 часот

Среда од 10.00 до 12.00 часот
Телефон: +389 2 2546-211 л. 100
Факс: +389 2 2545-070
Е-пошта:     ndujovski@gmail.com
ndujovski@fb.uklo.edu.mk
Blog Attachment