Редовен професор д-р Владимир Ортаковски

Редовен професор д-р Владимир Ортаковски

Проф. д-р Владимир Ортаковски е роден во Скопје на 5 август 1950 година. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, со звањето дипломиран политиколог – научна област дипломатија, во 1974 година. На Правниот факултет во Белград се здобил со звањето магистар по правни науки – во научните области Меѓународно јавно право и Меѓународни односи и историја на дипломатијата, во 1983 година. Докторирал на Правниот факултет во Белград, добивајќи го звањето доктор по правни науки – во научните области Меѓународно јавно право и Меѓународни односи и историја на дипломатијата, во 1986 година. 
      Во периодот 1978-1984 година бил вработен во Републичкиот секретаријат за меѓународни односи во Скопје, каде работел во Секторот за соседни земји – Бугарија и положбата на македонското национално малцинство во таа земја, како и во Секторот за несоседни земји – на проблематиката за меѓународно право, меѓународни организации и мултилатерална соработка. Бил член на Извршниот совет и претседател на Комитетот за образование, култура и физичка култура во Собранието на Општина Кисела Вода – Скопје, во периодот 1984-1988 година. Како член на Извршниот совет на Собранието на Општина Кисела Вода, бил и претседател на Комитетот за општествени дејности во периодот 1988-1990 година. 
Во 1989 година е избран во звањето доцент по предметот Меѓународно јавно право на Факултетот за безбедност, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, а во 1994 година е избран за вонреден професор по истиот предмет. Во 1997 година е избран во звањето редовен професор по предметот Меѓународно јавно право на Факултетот за безбедност, Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, а во 2001 година повторно е избран во звањето редовен професор по Меѓународно јавно право на истиот факултет. 
Во периодот 1993-1996 година проф. д-р Владимир Ортаковски бил заменик министер за наука во Министерството за наука на Република Македонија. Тој бил член на Сенатот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје во периодот од 1996-2000 година. Како член на Комисијата на Министерството за образование учествувал во изготвувањето на Законот за високото образование во Република Македонија, во 2000 година, и на Законот за изменување на Законот за високото образование, во 2003 година. Од 2000-2004 година бил потсекретар за високо образование, подоцна раководител на сектор во Министерството за образование и наука во Република Македонија. Во 2009-2013 година бил претседател на Државниот совет за превенирање на малолетничко престапништво на Република Македонија. 
      По основањето на Полициската академија како високообразовна установа на универзитетот “Св. Климент Охридски”, проф. Ортаковски беше нејзин прв декан, од 2004-2008 година. Во тој период беше и член на Ректорската управа на универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Во 2008-2016 година беше член на Сенатот на универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола, како претставник на повторно основаниот Факултет за безбедност. На Полициската академија беше раководител на последипломските студии (2005-2008 година), а од 2005-2016 година беше раководител на Катедрата за општествено-политички и правни науки. 
      Во периодот февруари-јуни 1995 година бил на постдокторски престој на Правниот факултет на Универзитетот во Чикаго (University of Chicago Law School), каде работел на проектот за човековите права и правата на малцинствата. Од другите меѓународни проекти на кои работел за одбележување е неговото учество во проектот на Меѓународниот институт за хуманитарно право во Сан Ремо, Италија, “Хуманитарна заштита во не-меѓународните конфликти”, во 1999-2000 година. На Tempus-Phare заеднички европски проект за развивање на наставните планови и програми на последипломските студии за мир и конфликти, на Европскиот универзитет за мировни студии (EPU) во Шлајнинг, Австрија, работел во текот на 2000-2001 година. На проектот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (ICRC) за имплементацијата на Меѓународното хуманитарно право во Репубика Македонија работел од 2003-2007 година. 
     Како предавач по покана бил на универзитетот на Западен Илиноис во Мекомб, САД, во 1995 година, и на Колумбија универзитетот во Њујорк, САД, во периодот 1998-2002 година, со теми за човековите права и правата на малцинствата. На Правниот факултет – Интернационален универзитет во Панчево (Србија) предавал Меѓународно јавно право и Европско право во 2008/2009 година. 
Предавач по покана во земјата бил: а) на додипломски студии: на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Правен факултет во Кичево, со дисперзирани студии во Битола и Струга, по предметот Меѓународно јавно право (2009-2012 година); на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип – Правен факултет во Кочани и Штип, по предметот Меѓународно јавно право (2008-2012 година); на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“, по предметите Воено право и Меѓународно хуманитарно право, на неколку генерации питомци (од 2001 година); на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Економски факултет, Скопје, по предметот: Современи дипломатски односи (1995-2004 година). б) на постдипломски студии: на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Правен факултет во Кичево, во Битола, по предметите Меѓународно право применета програма; Меѓународно воено и хуманитарно право; Дипломатско и конзуларно право (од 2013 година); на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип – Правен факултет во Штип, по предметите Дипломатско-конзуларно право и Надворешна политика (2009/2012 година); на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Филозофски факултет, Скопје, на Балканскиот центар за мир и развој по предметите: Решавање и трансформација на конфликтите; Уставите и мирот; Меѓународната положба на малцинствата (1997-2004 година); на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Правен факултет, Скопје, постдипломски студии по Меѓународно право (Меѓународно хуманитарно право, Меѓународни организации) (во 1995/1996 година); в) на докторски студии: на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Правен факултет во Кичево, во Битола, по предметите: Меѓународно јавно право и Меѓународно приватно право; Меѓународно право и политика – взаемност; Мултилатерална дипломатија (од 2015 година).
 
      На Факултетот за безбедност проф. Ортаковски изведува настава по предметот Меѓународно јавно право, како и по предметите: Полицијата и меѓународното хуманитарно право, Право на ЕУ, Уставно право, Меѓународно кривично право, Дипломатија и меѓународна безбедност, Дипломатија и меѓународно преговарање. На последипломските студии на Факултетот за безбедност изведува настава по предметите: Човекови права и МХП; Меѓународно право на вооружени конфликти, Меѓународно преговарање и видови дипломатија, Меѓународно кривично право. На докторските студии го предава предметот Безбедност и Меѓународно јавно право. Тој е ментор на поголем број докторски, магистерски и специјалистички трудови, како и на дипломски и семинарски работи, на редовните и вонредните студенти на наведените факултети. Рецензент е на повеќе научни и стручни трудови од областите кои ги покрива. 
 
     Добитник е на наградата “Гоце Делчев” за најдобро научно остварување во Република Македонија во 1996 година, за книгата “Меѓународната положба на малцинствата”. 
      Член е на Советот на Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија за науки и уметности (МАНУ), од 2000 година. Тој е заменик претседавач на Националниот комитет за имплементација на Меѓународното хуманитарно право во Република Македонија од основањето на ова тело, во 2006 година. Тој бил претседател, подоцна член на Стручната комисија за верификација на високообразовни квалификации или дел од високообразовни студии стекнати во Република Бугарија, Република Албанија и Република Турција, при Министерството за образование и наука на Република Македонија, во периодот од 2001-2004 година. 
      Проф. д-р Владимир Ортаковски бил член на реномирани меѓународни научни здруженија: Американското здружение за меѓународно право (ASIL), во Вашингтон (САД), од 1995 година; Здружението за проучување на националностите (ASN), Колумбија универзитет, во Њујорк (САД), од 1998 година; Меѓународниот институт за хуманитарно право (IIHL), во Сан Ремо (Италија), од 1999 година; Меѓународната научна конференција на малцинствата за утрешна Европа (ISCOMET), во Марибор (Словенија), од 2000 година, Здружението за проучување на геноцидот (AGS) на Конкордија универзитетот во Монтреал (Канада), од 2001 година; Академијата за политички науки (APS) во Њујорк (САД) од 2008 година. 
      Активно се служи со англискиот јазик. Учествувал со свои излагања на голем број меѓународни научни и стручни собири, тркалезни маси, симпозиуми и трибини. Остварил голем број студиски посети на меѓународни организации или високообразовни установи, учествувал во работата на меѓународни семинари и конференции, и како експерт или член на владина или министерска делегација. 
      Проф. д-р Владимир Ортаковски е соосновач и претседател на НВО Здружение за заштита на правата на детето, од 1998 година. 
 
 
Скопје, јуни 2017. 

Превземи CV…

Книги, учебници и учебни помагала
 
1. Дипломатија, учебник, Факултет за безбедност, Скопје, 2017; 
2. Меѓународно јавно право, учебник, заедно со доц. д-р Марија Миленковска, Факултет за безбедност, Скопје, 2014; 
3. Дипломатија, скрипта, Факултет за безбедност, Скопје, 2010; 
4. Уставно право, скрипта, Полициска академија, Скопје, 2008; 
5. Имплементација на меѓународното хуманитарно право во Република Македонија, Студија, Меѓународен комитет на Црвениот крст, Скопје, 2007; 
6. Демократија и националне мањине, заедно со група автори, Центар за истраживање етницитета, Београд, 2002; 
7. Minorities in the Balkans, “Transnational Publishers, Inc.”, Ardsley, New York, 2000; 
8. Разрешување и трансформација на конфликтите, заедно со проф. д-р Трајан Гоцевски и доц. д-р Лидија Георгиева, Македонска ризница, 1999; 
9. Малцинствата на Балканот (на македонски и на англиски јазик), “2. Август С”, Штип, 1998; 
10. Меѓународната положба на малцинствата, Скопје, Мисла, 1996. За оваа книга ја доби наградата “Гоце Делчев” за најдобро научно остварување во Република Македонија во 1996 година; 
11. Меѓународно јавно право, учебник, заедно со проф. д-р Љ.Д. Фрчкоски и проф. д-р В. Тупурковски, Скопје, Табернакул, 1995; 
12. Меѓународно јавно право, учебник, заедно со проф. д-р Петар Манговски и доц. д-р Љубомир Д. Фрчкоски, Скопје, Фитко, 1991; 
13. Блискоисточниот конфликт и Палестинското прашање. Карактеристики на израелско-арапските војни, НИП Магазин, Скопје, 1988. 
 
Научни и стручни трудови
 
14. Советско-американскиот детант. Библиотека на Факултетот за политички науки во Белград, февруари 1974, стр.38; 
15. Арапскиот свет и палестинскиот проблем, Библиотека на Правниот факултет во Белград, февруари 1975, стр.17; 
16. Поимно определување, корени и цели на неврзувањето. Историските корени и цели на неврзаното движење, Студентски збор, Скопје, 1983, стр.25-42; 
17. Корени и фактори на граѓанската војна во Либан, магистерски труд, Библиотека на Правниот факултет во Белград, март 1983, стр.257; 
18. Верските и етничките судири во Либан, фељтон, Нова Македонија, 5-19 февруари 1985, стр.57; 
19. Антипалестинската насоченост на израелската агресија врз Либан во 1982 година, „Антиколонијалната револуција, социјалната, политичката и економската еманципација во светот. Меѓународните односи, положбата и перспективите на ослободителните движења во светот“, Скопје, 1985, стр.305-317; 
20. Израелското кршење на меѓународното право на окупираните територии, „Антиколонијалната револуција, социјалната, политичката и економската еманципација во светот. Меѓународните односи, положбата и перспективите на ослободителните движења во светот“, Скопје, 1985, стр.540-543; 
21. Блискоисточниот конфликт: причини и последици, фељтон, Нова Македонија, 12-26 декември 1985, стр.62; 
22. Блискоисточниот конфликт и палестинското прашање. Карактеристики на израелско-арапските војни, докторска дисертација, Библиотека на Правниот факултет во Белград, октомври 1986, стр.550; 
23. Првите три арапско-израелски војни и палестинското прашање, Трета програма, бр.28/1986, Скопје, стр.79-108; 
24. Израелско-арапските војни: кризни жаришта, фељтон, Нова Македонија, 5-22 септември 1987, стр.61; 
25. Резултатите и последиците на израелско-арапските војни, Меѓународни проблеми, Белград, бр.2-3 1989, стр.221-234; 
26. Обединувањето на Германија, Трета програма, Скопје, бр.43/1990, стр.57-81; 
27. Демилитаризација, неутралност и колективна безбедност, Годишник на Факултетот за безбедност, бр.11-12, Скопје, 1991-1992, стр.75-87; 
28. Обединетите нации и заштитата на мирот и безбедноста во меѓународната заедница, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.1, март 1992, Скопје, стр.38-43; 
29. Демилитаризација, неутралност и колективна безбедност, фељтон, Нова Македонија, 24-31 март 1992; 
30. Заштита на жртвите во внатрешни оружени судири, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.2, август 1992, Скопје, стр.172-180; 
31. Меѓународноправно регулирање на положбата на малцинствата, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.3, ноември 1992, Скопје, стр.401-416; 
32. Violation of International Humanitarian Law in the Armed Conflict in Former Yugoslavia, in: Yugoslavia, Collapse, War, Crimes, ed. by S. Biserko, Belgrade, 1993, p.245-259 (Кршење на меѓународното хуманитарно право во оружените судири во поранешна Југославија, во: Југославија, колапс, војна, злосторства, уред. С. Бисерко, Белград, 1993, стр.245-259); 
33. Implementation of International Humanitarian Law in the Armed Conflicts in Croatia and Bosnia-Hercegovina (Имплементација на Меѓународното хуманитарно право во оружените судири во Хрватска и Босна и Херцеговина), “Balkan Forum”, An International Journal of Politics, Economics and Culture, Skopje, Vol.1, No.2, March 1993, p.121-137; 
34. Дипломатијата некогаш и денес, фељтон, Нова Македонија, 17-23 ноември 1995; 
35. Заштита на малцинствата во системот на Лигата на народите, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.1-2, јуни 1996, Скопје, стр.217-233; 
36. Положбата на малцинствата по Втората светска војна, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.3, септември 1996, Скопје, стр.484-500; 
37. Системот на колективна безбедност и мировните сили на ООН. Искуството на Република Македонија. Зборник од научниот симпозиум на тема: „Одбранбено-заштитниот систем на Република Македонија – состојби и перспективи“, Охрид, 22 ноември 1996, стр.22; 
38. Улогата на мировните сили во Република Македонија, Меѓународна политика, Белград, 1051, 1 декември 1996, стр.22; 
39. Компаративна положба на малцинствата во балканските земји, фељтон, Дневник, 7-8, 14-15, 21-22 и 28-29 декември 1996; 
40. Положбата на малцинствата на Балканот, фељтон, Нова македонија, 17-25 февруари 1997; 
41. Тhe Position of the Minorities in the Balkans (Положбата на малцинствата на Балканот), Balkan Forum, An International Journal of Politics, Economics and Culture, Skopje, Vol.5, No.1(18), March 1997, p.109-147; 
42. Одредби за правата на малцинствата содржани во одделни меѓународни документи, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје, 1996-1997, стр.165-183; 
43. Положбата на малцинствата во Албанија и Грција, Гласник на Институтот за национална историја, бр.1-2, Скопје, 1997, стр.45-61; 
44. Правата на малцинствата во меѓународните документи во Европа и во Република Македонија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, книга 24 (50), Скопје, 1997, стр.253-267; 
45. Меѓународното право и мирот, Зборник на предавања на Постдипломските студии за мир и развој на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, март 1998, стр.39; 
46. Решавање и трансформација на конфликтите, Зборник на предавања на Постдипломските студии за мир и развој на Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, март 1998, стр.65; 
47. Положбата на националностите во Република Македонија, Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“, Прилози за Илинден VIII. Историските и уставно-правните основи на самостојна и суверена Република Македонија (1903-1944-1991), Научен собир, 16-17 јуни 1998 година во Скопје, Крушево 1998, стр.127-141; 
48. Фактори за настанување на конфликтите – загрозување на безбедноста во современата меѓународна заедница, Безбедност – Ревија за криминалистика, криминологија и кривично право, бр.4/1998, Скопје, стр.462-485; 
49. Тhe Kosovo Conflict and Macedonia, Fourth Annual Convention of Association for the Study of Nationalities, Columbia University, New York, April 16, 1999 (Конфликтот на Косово и Македонија, 4-та Годишна конвенција на Асоцијацијата за проучување на националностите, Колумбија универзитет, Њујорк, 16 април 1999); 
50. Регулирање на правата на малцинствата во Европа, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје, 1999, стр.45-53; 
51. Положбата на македонското национално малцинство во соседните земји по Втората светска војна, објавено во книгата: „Македонците и Словенците во Југославија“, Институт за национална историја во Скопје, Институт за наука при Филозофскиот факултет во Љубљана, Скопје – Љубљана, 1999, стр.129-149; 
52. Правата на детето според меѓународната регулатива, посебно во Конвенцијата за правата на детето, објавено во: Зборник на трудови од Симпозиумот за правата на детето, со предговор на проф. д-р Владимир Ортаковски, Скопје, 26 ноември 1999, стр.11-20; 
53. Правата на малцинствата во Република Македонија споредени со соседните балкански држави (компаративни согледувања), објавено во книгата: Македонската историска наука – достигнувања и проблеми. Институт за национална историја, Скопје, 2000, стр.443-470; 
54. Меѓународните конвенции за употребата на јазикот на малцинствата во образованието, сепарат за потребите на Комисијата за донесување на Законот за високо образование, 4 април 2000, 16.стр.; 
55. Решавање на конфликтите во меѓународната заедница, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје, 2000, стр.125-137; 
56. Preparing a Comparative Study on Minorities in the Balkans, Pre-Conference Internet Forum on Strategies for Resolving Inter-Ethnic Conflicts in the South Eastern Europe, January 29, 2001 (Подготвување компаративна студија за малцинствата на Балканот. Пред-конференциски интернет форум за стратегии за решавање на меѓуетнички конфликти во југоисточна Европа), available online: http://www2.arnes.si/~ljinv16/pakt/inputs/008.htm; 
57. Interethnic Relations and Minorities in the Republic of Macedonia (Меѓуетничките односи и малцинствата во Република Македонија), Southeast European Politics, Vol.II, No.I, May 2001, available online: http://www.seep.ceu.hu/issue21/ortakovski.pdf pp.24-45; 
58. Старата и новата дипломатија, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје, 2001, стр.206-212; 
59. Значењето на Конвенцијата за правата на детето, Зборник Правата на детето и малолетничка правда, Здружение за заштита на правата на детето, Скопје, 2002, стр.11-22; 
60. Ширење на конфликтот од Косово и уставните промени во Република Македонија во 2001 година, Годишник на Факултетот за безбедност, Скопје, 2002; 
61. Злоупотребата на деца во изборната кампања – правна рамка, објавено во „СТОП за злоупотребата на деца во текот на изборната кампања“, Здружение за заштита на правата на детето, Скопје, 2003; 
62. Управување со малолетничката правда во системот на Конвенцијата на ОН за правата на детето, Има ли живот за време и по затворањето, Здружение за заштита на правата на детето, Центар за детска правда, Скопје, 2004, стр.51-69; 
63. Имплементација на санкциите за тешките повреди на Меѓународното хуманитарно право во Република Македонија, Годишник на Полициската академија, год.1 бр.1, 2005/2006, Скопје, стр.243-254; 
64. “Kosovo Final Status and Macedonia”, 47-th Annual Meeting of the International Studies Association (ISA), San Diego, California, U.S.A., March 22-26, 2006 (Финалниот статус на Косово и Македонија, 47-ма Годишна конвенција на Здружението за меѓународни студии (ISA), Сан Диего, Калифорнија, САД, 22-26 март 2006); 
65. Implementation of the International Humanitarian Law in the Republic of Macedonia, Human dignity and protection in armed conflict. Strengthtening measures for the respect and implementation of IHL, and other rules (Имплементација на Меѓународното хуманитарно право во Република Македонија. Човечкото достоинство и заштитата во оружен конфликт. Јакнење на мерките за почитување и имплементација на МХП, и други правила), Edizioni Nagard, Milano, 2006, p.120-125; 
66. „Greater Serbian, Greater Albanian Nationalism and Kosovo”, 48-th Annual Meeting of the International Studies Association (ISA), Chicago, U.S.A., February 28 – March 3, 2007 („Големосрпскиот, големоалбанскиот национализам и Косово“, 48-ма Годишна конвенција на Здружението за меѓународни студии (ISA), Чикаго (САД), 28 февруари – 3 март 2007; 
67. Евалуација на мерките за имплементација на Меѓународното хуманитарно право во Република Македонија, Годишник на Полициската академија, год.2 бр.1, 2007, Скопје, стр.45-67; 
68. Implementation of provisions for grave breaches of International Humanitarian Law in the Republic of Macedonia, Justice and reconciliation: an integrated approach. Current problems of IHL (Имплементација на одредбите за тешки повреди на меѓународното хуманитарно право во Република Македонија, Правда и помирување: интегриран пристап), Sanremo, 2007, p.113-119; 
69. Учеството на Република Македонија во договорите од областа на Меѓународното хуманитарно право и нивната дисеминација и имплементација, Годишник на Полициската академија, год.1 бр.1, 2007/2008, Скопје, стр.261-281; 
70. “Inter-Ethnic Relations in Macedonia: (Dis)Advantage for Country’s NATO and EU Aspirations”, International Studies Association 49th Annual ISA Convention Bridging Multiple Divides, San Francisco, California, U.S.A, March 26-29, 2008 (Меѓуетничките односи во Македонија: предност или не за аспирациите на земјата кон НАТО и ЕУ, 49-та Годишна конвенција на Здружението за меѓународни студии (ISA) Премостување на повеќекратни поделби, Сан Франциско, Калифорнија, САД, 26-29 март 2008); 
71. Правата на малцинствата во рамките на Советот на Европа и во Република Македонија, Зборник од научната расправа „Европските стандарди за човековите права и нивната имплементација во правниот систем на Република Македонија“, Проект „Хармонизација на правниот систем на Република Македонија со правото на Европската унија, Книга 4, Македонска академија на науките и уметностите, Скопје, 2009, стр.85-106; 
72. Видови дипломатија, Годишник на Факултетот за безбедност, 2010, Скопје, стр. 1-11; 
73. Живот испуњен више делима него данима: Михаило Радовановиќ, Јустинијанове институције, превод, Београд, 1864. Одјеци, Зборник радова са округлог стола са меѓународним учешќем, посвеќеног браќи Радовановиќ, , Суботица, септембар 2010; 
74. Развојот на дипломатските методи во Италија и Франција, Хоризонти, Универзитет „Св. Климент Охридски“, број 6, декември 2010, стр. 161-175; 
75. The Dispute Between the Republic of Macedonia and Greece before the International Court of Justice, Security in the Post-Conflict (Western) Balkans: Transition and Challenges Faced by the Republic of Macedonia, Ohrid, 27 May 2011; 
76. Основните права и должности на државата, Годишник на Факултетот за безбедност, 2011, Скопје, стр. 7-21; 
77. Меѓународна одговорност на државата – репарации за кршење на меѓународна обврска, Хоризонти II, Универзитет „Св. Климент Охридски“, декември 2011; 
78. The Judgment of International Court of Justice (Republic of Macedonia v. Greece) and the Name Issue, International Scientific Conference: Security and Euroatlantic Perspectives of the Balkans. Police Science and Police Profession (States and Perspectives), Ohrid, Vol. I, May 25-26, 2012, University “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2012, p.23-40; 
79. Recognition of States and Governments , Признавање на држави и влади, International Yearbook, Faculty of Security, 2012, p.99-109, Меѓународен годишник на Факултетот за безбедност, 2012, стр.99-109; 
80. European Nationalisms and Balkan Nationalisms. Can They Create New States in Europe?, International Scientific Conference: The Balkans Between Past and Future. Security, Conflict Resolution and Euro-Atlantic Integration, Ohrid, Vol. I, June 05-08, 2013, University “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2013, p.1-16; 
81. Interim Accord and the Name Issue, International Scientific Conference: Macedonia and the Balkans, a Hundred Years after the World War I – Security and Euro-Atlantic Integration, Ohrid, Vol. I, June 03-05, 2014, University “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2014, p.17-36; 
82. International Law and Humanitarian Intervention, International Yearbook, Faculty of Security, 2014, p.36-43; 
83. Collective Security System and Evolution of the UN System, International Scientific Conference: Researching Security – Approaches, Concepts, Policies, Ohrid, Vol. V, June 02-03, 2015, University “St. Kliment Ohridski”-Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2015, p. 109-123; 
84. Minority Rights in the Republic if Macedonia and the Macedonian Situation in Greece, International Yearbook, Faculty of Security, 2015/1, p.2-12; 
85.  ISIL, War Crimes and International Criminal Court, 7th International Scientific Conference: “Contemporary Trends in Social Control of Crime”, Ohrid, Vol. III, May 30-31, 2016, University “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2016, p.1-12; 
86. Бегалската криза и меѓународното право, Зборник од научна конференција на МАНУ, 2016; 
87. Julian Assange and Law on Diplomatic Relations, 8th International Scientific Conference: “Security Concepts and Policies – New Generation of Risks and Threats”, Ohrid, Vol II, June 04-06, 2017, University “St. Kliment Ohridski” – Bitola, Faculty of Security – Skopje, 2017, p.18-23. 
 
 
НасловПредметДата
Blog Attachment