Редовен проф. д-р Трпе Стојановски

Редовен проф. д-р Трпе Стојановски

Роден е 28.10.1958 година во Скопје. На тема Кривично правни и криминолошки карактеристики на недозволената трговија во 1988 станува Магистер по општествени науки. Во 1996 година се стекнува со звањето Доктор по општествени науки на тема Функциите на полицијата во демократско општество. Учество во научно истражувачки проекти:
1998-1999 Фулбрајт програма “Улогата на полицијата во демократијата”, на Temple Универзитетот, Филаделфија, САД 2001-2003 Координатор на Европскиот проект “Напредна обука во борбата против организираниот криминал” 2003-2004 NCS Фулбрајт “Улогата на македонската полиција во постконфликтната ситуација од 2001 година“, NorthEastern Универзитет, Бостон, САД 2005 – 2007 Проект лидер на Европскиот твининг проект “Советодавна помош во полициските реформи во Македонија” 2006 – 2007 „Борба против организираниот криминал во Македонија“, FIOSIM, член на истражувачкиот тим 2006 – 2007 „Сеопфатна полициска контрола”, ОБСЕ, истражувач 2010 – COMPOSITE/Компаративна полициска студија во Европа/ www.rsm.nl/composite FP 7 Програма, Национален лидер. Зборува одлично англиски, српски, хрватски и основно германски.

Превземи CV…

Книги
1. Јул. 1997 “Полицијата во демократското опшество”, 2 Август С, Штип & ДОО Астор, Скопје
2. Фев. 1992 “Полициски тактики” Центар за едукација на персонал за безбедност, Скопје
3. Јун. 1995 “Полициски тактики 2 издание” Центар за едукација на кадри за безбедност, Скопје
4. Јул. 2001 Преглед на македонското законодавство, меѓународни инструменти и одредени странски законодавства кои се однесуваат на хендикепираните луѓе, ко-автор
5. Јун. 2002 “Полиција и човекови права” прирачник, ко-автор, издание на МВР, ОБСЕ и Хелсиншки комитет за човекови права
6. Јун.2002 “Полицијата и човековите права”, Збирка меѓународни инструменти, ко-издавач
7. Април.2002 “Трговија со луѓе,, ко-автор, “Просветно Дело”, Скопје
8. Јун.2002 “Трговија со луѓе-криминал” ко-автор, “Скен Поинт”,
9. Јул. 2003 “Полициско работење во мултиетничка средина” ко-автор, ЦОЦ, Скопје
10. Сеп.2004 “Вашите права- полицијата и човековите права”, брошура, ко-автор
11. Април 2005 Практикум за превенција и борба против трговијата со луѓе и илегалната миграција, ИОМ, ко-автор
12. Ноем. 2005 “Полициско постапување против корупцијата – меѓународни перспективи”- ко-автор, Lexington Books, Oxford
13. 2005 “Светска Полициска енциклопедија – 2 едиција”, Дилип К.Дасс и Палмиотто, ко-автор, Routledge, London
14. 2006 “Македонија по рамковниот договор”, ФИООМ 2006- Македонија
15. 2006 “Полициска етика и деонтологија”, “2-ри Август С”-Штип, Скопје 2006, автор
Вовед во полициски науки
Телефон: +389 (0)71 346 671
Факс: + 389 2 3235711
Е-пошта:     tstojano@yahoo.com;
НасловПредметДата
Blog Attachment