Редовен проф. д-р Росе Смилевски

Редовен проф. д-р Росе Смилевски

Роден е 18.07.1956 година во Македонски Брод. На тема Корозивно однесување на бакар и месинг во морска вода го одбранил својот докторски труд со што се стекнал со звањето доктор на науки.
Од 1998 година д-р Росе Смилески е ангажиран во реализација на постдипломските студии на Машински факултет во Скопје. Повеќе пати, со популарни предавања настапувал пред вработените во наменската индустрија како и пред неколку Општински организации на Сојузот на резервните старешини на Р. Македонија. Покрај ова кандидатот по разни основи е вклучен (понекогаш како член на одредени комисии, а понекогаш како носител на развој на одредени средства) во реализација на бројни задачи од наменската индустрија и во техничката служба на Министерството за одбрана. Во 1994 година бил иницијатор и организатор на Првото советување во АРМ од областа на муницијата и експлозивните материи. Во 1996 година бил член на организациониот одбор на Првото советување од областа на одбраната и заштитниот систем на Р. Македонија, одржано во Охрид. Бил член во организациски одбори на повеќе научни собири: На 18. Конгрес на сојузот на хемичарите и технолозите, на РМ со меѓународно учество; Иницијатор и заменик претседател на научниот одбор на Првиот симпозимум одржан во Р. Македонија од областа на експлозивните материи, вооружување и воена технологија На III и IV Советување за дупчење и минирање со меѓународно учество, во организација на Рударско-геолошкиот факултет од Штип; Член на организацискиот одбор за одбележување на 60 години од АСНОМ, во организација на Македонската академија на науките и уметностите. Бил член на издавачкиот совет на списанието „Армиски Збор” и Член е на Издавачкиот совет, а бил и член на Уредувачкиот одбор на Списаниоето “Современа одбрана” во издание на Министерството за одбрана на Р. Македонија.
Наставни трудови:
1. R. Smileski, Elaborat za izvodjenje vjezbi iz predmeta: Odrzavanja municije i MES i Skladistenja municije i MES, Visoke Vojnotehnicke skole KoV JNA- Zagreb, 1987, 59 str.
2. Р. Смилески, Технологија на муниција и експлозивни материи, лекции, ВА, Скопје 1996, 180 стр.
3. Р. Смилески, О. Поповски и Е. Николов, Внатрешна балистика I и II-лекции, ВА, Скопје 1998 , 96 стр.
4. Р. Смилески, Муниција и експлозивни материи-теоретски основи, Воена академија, Скопје, 1998, 216 стр.
5. Росе Љ. Смилески, Орце Б. Поповски, Внатрешна балистика, Воена академија, Скопје, 2001, 210 стр. 
 
Стручно-апликативни трудови:
1. Р. Смилески, Развој на муницијата за срелечко оружје, Одбрана бр. 3/93 
2. Р. Смилески, Микрокалибарска муниција, Одбрана бр. 4/93 
3. Р.Смилески, Куршум со повеќекратно зрно, Одбрана бр. 5/93 
4. А. Грудановиќ, Р. Смилески, Историски развој на балистиката, Одбрана, бр.11/94 
5. Р. Смилески, Куршум со зрно во облик на стрелка, Одбрана бр. 15/95 
6. Р. Смилески, Стрелечка муниција без чаура, Одбрана бр. 17/95 
7. Р. Смилески, Експлозивниерии и експлозиви, Одбрана, бр.34/98 
8. Р. Смилески, Иницијални експлозивни материи,Одбрана бр.36/98 
9. Р. Смилески, Бризантни експлозивни материи, Одбрана бр.35/98 
10. Р. Смилески, В. Павлески, Основно одржување на муницијата, Одбрана бр. 29 и 30/99 
11. Р. Смилески, Аеросолни експлозивни материи, Одбрана 39/99 
12. Р.Смилески, Нитроамини, Одбрана, 41/99 
13. Р. Смилески, Нитроестери, Одбрана, бр. 42/99 
14. С. Ангелески, Р. Смилески, Дејство на проектилите врз човековото тело, Одбрана бр.43/99 
15. Р.Смилески,А. Трајковска, О. Поповски, Квалитативно определување на стабилноста на потисните експлозивни материи (барути), Одбрана бр.47/2000 
16. Р. Смилески, Ханзен тест, Одбрана бр.50/20 
Вооружување и опрема –задолжителна академска способност
Методика на истражување на пожари и експлозии
Вооружување и опрема
Телефон: +389(0)2 3283 603
Е-пошта:     rose.smileski@ugd.edu.mk;
НасловПредметДата