Вонреден професор д-р Марјан Ѓуровски ПРOРЕКТОР ЗА СТУДЕНТСКИ РАБОТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ„

Вонреден професор д-р Марјан Ѓуровски ПРOРЕКТОР ЗА СТУДЕНТСКИ РАБОТИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ„

На Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје на 05.11.2014 година по завршување на третиот циклус-доктроски студии на студиската програма Безбедност, Одбрана, Мир, модул Безбедност и со одбраната на докторската дисертација на тема „Анализа на современите теориско концепциски пристапи во креирање на безбедносната политика на Република Македонија„ се стекнува со звањето Доктор по општествени науки од полињата на безбедност и одбрана-безбедност.
Со одлука на Наставно-научниот Совет на Факултетот за безбедност во Скопје, донесена на седницата одржана на 29.01.2015  година е избран за Доцент во во научните области Друго – Безбедносни науки (51610) и Друго – Меѓународна безбедност и меѓународни односи (51610).
Како исклучително активен во евроатланските интеграции и реформите на безбедносниот сектор на Република Македонија на постдипломските студии на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ се одлучува да ја изработи и ја одбрани магистерската теза „Влијанието на евроатланските интеграции врз економијата на Република Македонија„.Со просек од 9,55 се стекнува со научното звање Магистер на политички науки. 
Високото образование го завршува на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„-Скопје со просек од 9,19. Од страна на Деканот на Филозофскиот факултет добива диплома за стекнат одличен успех. 
 
Педагошка дејност
Во периодот 2010-2014 година, д-р Марјан Ѓуровски, со одлука на Наставно-научниот Совет на Факултетот за безбедност-Скопје како соработник-асистент на Факултетот за безбедност-Скопје на Катедрата за безбедносни науки и приватна безбедност  реализирал значителна активност на планот на одржувањето вежби по повеќе предмети како: „Современи безбедносни системи“ (2010-2014), „Методика на истражување на тероризмот“, „Меѓународен тероризам“, „Полиција во заедницата“ (2010-2012 година), „Методика на истражување на пожари и експлозии“, „Безбедносни стратегии и менаџмент“ (2012-2014 година) и „Односи со јавноста“ (2012-2014 година).
 
Oпштествена дејност
Пред да биде избран во соработничко звање на Факултетот за безбедност -Скопје, има работено и како новинар од 1994 година до 2002 година занимавајќи се со истражувачка работа на безбедносните и политичките прашања во Република Македонија, во неколку национални електронски и пишани медиуми, заокружува ја дел од оваа кариера како уредник. Одлучувал во Првиот Управен одбор на Македонскиот институт за медиуми (Сегашната Висока школа за односи со јавност и новинарствот), а бил и Прв Претседател на Форумот на млади новинари, а сега е активен и во НВО „Центарот за евроатлански интеграции и демократија„. 
Во периодот 2011-2013 година бил советник за стратешки политики и комуникации на Министерот за одбрана на Република Македонија, а во 2013 година советник за стратешки политики и комуникации на Заменик Претседател на Владата задолжен за Европските прашања во Владата на Република Македонија.
Пред Факултетот за безбедност (2006-2010) работел како Советник за образование и обука и за односи со јавност во Министерството за одбрана на Република Македонија. 
За време на конфликтот во 2001 година и големата владина коалиција ја извршува должноста Портпарол на Министерството за одбрана на Република Македонија. 
Oд 2002 година до 2006 година делува во извршната власт во Република Македонија на повеќе функции. До 2004 година како Портпарол на Министерството за одбрана на Република Македонија и Раководител на одделот за односи со јавност на истото Министерство, за потоа од 2004 до 2006 година да ја извршува функцијата Советник за односи со јавност на Претседателот на Владата на Република Македонија. 
 
Стручнo-академска дејност
Ѓуровски има учествувано во организирање и реализирање пошироки активности на Факултетот за безбедност-Скопје и други институции. Во периодот 2010-2014 година, има реализирано мошне обемни и значајни активности на Факултетот за безбедност и на други институции во Република Македонија со што има дадено видлив придонес во безбедносно-одбранбената сфера и во областа на креирањето политики, како и информирањето и комуникациите.Бројни задолженија и активности кои ги извршувал:
-Помошник на главниот и одговорен уредник на меѓународното научно списание „Современа меѓународна одбрана“ и Одговорен уредник на стручното списание „АРМ во мировни мисии“ (2011/2013);
-Секретар и член на Организациониот одбор на Меѓународната научна конференција во Охрид во 2011, 2012, 2013, 2014, 2015 година, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје;
-Секретар на заедничките студии од Прв циклус по Безбедност и финансиска контрола во 2011-2014 година;
-Секретар на Катедрата за безбедносни науки и приватна безбедност на Факултетот за безбедност-Скопје за 2012-2014 година, 2014-во тек;
-Секретар на Уредувачкиот одбор на Годишникот на Факултетот за безбедност-Скопје за 2011 година;
-Секретар на Меѓународниот годишник на Факултетот за безбедност-Скопје за 2012 година;
-Секретар на Научната тркалезна маса на тема „Безбедносни предизвици на Република Македонија во 2013 година“, на Факултетот за безбедност-Скопје, во 2013 година.
-Член на Организациониот одбор на тркалезната маса  по повод Јавната расправа за нацрт за измени на Уставот на Република Македонија, предложени од  Владата на Република Македонија, 2014 год.
-Член и секретар на Организациониот одбор на научно стручната тркалезна маса на тема “Евро-атлантските предизвици на Република Македонија: проблеми, политичка реалност, идни решенија и можности по самитот на НАТО во Велика Британија 2014,,
-Член на Организациониот одбор на првата Студентска конференција на тема „Интеграцијата на РМ во НАТО и новите безбедносни предизвици“, април, 2013.;
-Член и секретар на Организациониот одбор на Научно-стручна расправа на тема „Развојот на приватното обезбедување во Република Македонија-правни, економски и безбедносни аспекти„ 2013 год.
-Член на Рецензентскиот одбор на Меѓународното списание „Дефендологија“ на Европскиот дефендолошки центар;
-Член на Работна група за подготовка на Стратегијата за одбранбена дипломатија;
-Член на Евроатлантскиот совет на Македонија;
-Член на Програмскиот комитет на меѓународниот високообразовен и безбедносно-одбранбен проект „Летен кампус“ на ВА „Михајло Апостолски“;
-Член на Програмскиот комитет на Научната конференција „Процесот на планирање и донесување одлуки и современи операции: каде сме денес, а каде треба да бидеме утре“2011 год.;
-Член на Секретаријатот за информирање за подготовка на РМ за членство во НАТО.
-Коавтор на Белата книга на одбраната на РМ;
-Коавтор на Проектот за формирање Регионален центар за мир;
-Коавтор на студијата за подготовка и примена на системот за Оф-сет програми на РМ.
-Во сферата на информирањето и комуникациите: учесник во Работна група за подготовка на Законот за радиодифузија на РМ; Обучувач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации при МОРМ под покровителство на Швајцарија за слушатели на ЈИЕ;
 
Научна-истражувачка и апликативна дејност
 
Раководел и партиципирал во повеќе научно-истражувачки проекти од безбедносните и политичките науки. Доц. д-р Ѓуровски учествувал во работни тимови за подготовка на повеќе национални проекти, како што е суштинскиот документ за трансформација на македонската одбрана и безбедност, Стратегискиот одбранбен преглед на РМ, коавтор е на Стратегијата за информирање за подготовките на Република Македонија за членство во НАТО, а бил иницијатор, основач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации на Министерството за одбрана под покровителство на Швајцарската конферација. 
Раководел и партиципирал во повеќе научно-истражувачки проекти од безбедносните и политичките науки. Присуствувал на бројни меѓународни научни собири, меѓународни симпозиуми и конференции во земјава и странство како и меѓународни и регионални политички конференции каде учествувале премиери и претседатели на држави и др. Додека е во Министерството за одбрана на Република Македонија, учествувал во работни тимови за подготовка на Белата книга на одбраната и повеќе национални проекти, како што е суштинскиот документ за трансформација на македонската одбрана, Стратегискиот одбранбен преглед на РМ, коавтор е на Стратегијата за информирање за подготовките на Република Македонија за членство во НАТО, а бил иницијатор, основач и предавач на Регионалниот тренинг центар за комуникации на Министерството за одбрана под покровителство на Швајцарската конферација. 
Учествувал во стручно-научни проекти на ДИКАФ-Центарот за демократска демократска контрола над вооружените сили во Женева, Центарот за европски перспекти во Љубљана, Нан Сен центарот од Норвешка, Маршал центарот за студии од безбедноста во СР Германија, РАКВИАК-Центарот за безбедноста соработка на земјите членки на НАТО и Југоисточна Европа, Центарот за цивилно-воени односи, односно Белградската школа за безбедност, Евроатланскиот клуб на Македонија, Евроатланскиот форум на Македонија, Центарот за евроатлански интеграции и демократија, Институтот Отворено општество и др.
Остварил и неколку пати студиски престој во странство. Научно-истражувачката дејност покрај горенаведените активности, ја остварува и преку реализација на пленарни и секциски предавања на научно-стручни собири; одржани обуки за потребите на стопанските и нестопанските дејности; одржани предавања на семинари за потребите на домашни здруженија и федерации. Одлучувал во Првиот Управен одбор на Македонскиот институт за медиуми (Сегашната Висока школа за односи со јавност и новинарствот), а бил и Прв Претседател на Форумот на млади новинари, а сега е Извршен директор на Центарот за евроатлански интеграции и демократија. 
Говори англиски јазик, српски јазик, хрватски јазик, бугарски јазик. Има добро компјутерско познавање од Microsoft Office програмите посебно: Word, Excel, PowerPoint, Access, како и Statistica i SPSS, Internet, а се служи и со: Corel Draw Adobe Photoshop и др.

Превземи CV за доц. д-р Марјан Ѓуровски

Трудови во Меѓународни научни списанија и публикации
1.“The support of the army to the police in the concept of crisis management”,Ass. M.Gjurovski, MA, Ass.L.Gjurov, MA, International Scientific conference “Archibald reiss days”, Academy of criminalistic and police studies”, Belgrade, 2011 
Во трудот објавен во Меѓународно научно списание на трудови од Меѓународна научна конференција прави осврт на кризниот менаџмент со посебен остврт на поддршката од Армијата на Република Македонија на Министерството за внатрешни работи во слушаи на криза и кризна состојба. При тоа особено се акцентира новата улога која ја има безбедносниот систем во управување со кризи во Република Македонија. Покрај тоа во трудот фокусот е ставен и на координацијата меѓу Претседателот на државата и Владата во случаи на кризна состојба во Република Македонија. На крајот се прави осврт на регионални искуства во справувањето со кризи.
2. “Terrorism as a global threat and the role of Republic of Macedonia in the fight against it”, Ass. МА.M.Gjurovski, MA, Ass.L.Gjurov, MA, International Scientific conference “Combating terrorism-international standards and legislation”,Faculty of internal affairs-Banja Luka, Kozara, 29-30.03.2011 
Овој труд е посветен на разјаснување на заканите кои произлегуваат од тероризмот како глобална безбедносна закана и која е воедно улогата на Република Македонија во борбата против тероризмот. Како се спроведуваат меѓународните стандарди и правната регулатива во справувањето со тероризмот е едно од истражувачките прашања на кое се дава одговор во трудот објавен во Меѓународно научно списание на трудови од Меѓународна научна Конференција.
3.“Macedonian concept and regional crisis management of southeastern Europe”, Ass.M.Gjurovski, Ass.M.A.Sc.,L.Gjurov, M.A.Sc.,International Conference “Crisis Management days”, University of Applied Sciences Velika Gorica, 25-26.05.2011, Croatia 
Преку ова пишување се прави научна анализа на концептот за кризен менаџмент на кој се гледа како збир на посебни мерки кои се превземаат под притисок заради решање на проблеми предизвикани од одредена криза. Воедно се разгледува можноста државите од регионот да ја поддржат иницијативата за кооперативен кризен менаџмент во Југоисточна Европа, што ќе овозможи примена на Стратегија за развој на капацитетите за кризен менаџмент во регионот. Прифаќањето на Стратегијата ќе овозможи на сите земји од регионот да ги одредат приоритетите во користењето на различни меѓународни фондови. Соработката според трудот треба да го опфати справувањето со ризици и закани кои произлегуваат од: организираниот криминал, перењето пари, илегалната трговија со оружје, сузбивање на корупцијата и финансирање на тероризмот и илегални вооружени активности, илегално пренесување на конвенционално оружје, илегална миграција и др.
4. „The risks and threats to economic and political stability and security of the Republic of Macedonia vs integratiot prospectives”, Ass.M.Gjurovski, MA, R.Kirkova, PhD, Меѓународна научна публикација од Меѓународната Научна Конференција „Безбедноста на постконфликтниот (Западен) Балкан) транзицијата и предизвиците на Република Македонија„, Факултет за безбедност-Скопје при УКЛО во соорганизација со високо образовни институции од 5 земји и други меѓународни преставници,27-28.05.2011 Охрид 
Основните компоненти по ризикот на државата во трудот се делат на две групи: квантитативни мерливи компоненти и делови кои ги опишување квалитативно и чија проценка е сложена. Компонентите кои што може да се квантификуваат и проценат според научното истражување во трудот се: економиски ризик, финансиски ризик, ризик на промена на девизниот курс. Додека ризици која проценка е сложена се: политичкиот ризик, културолошкиот ризик, ризикот поврзан со правната рамка на земјата, регионалниот ризик и системскиот ризик. Сите овие елементи влијаат на безбедносно политичката стабилност на Република Македонија и генерално на целиот регион се заклучува во трудот.
5. “Democracy as a mechanism in prevention of asymmetrical security threats”, Rina Kirkova, PhD, N.Taneski, MA, Ass.M.Gjurovski, MA, Меѓународна научна публикација од Меѓународната Научна Конференција „Безбедноста на постконфликтниот (Западен) Балкан) транзицијата и предизвиците на Република Македонија„, Факултет за безбедност-Скопје при УКЛО во соорганизација со високо образовни институции од 5 земји и други меѓународни преставници, 27-28.05.2011 Охрид 
Најголема закана за националната безбедност на демократските држави се асиметричните закани зад кои најчесто стојат токму приврзаниците на идеологијата на радикалните исламисти се вели во трудот. Тој дава одговор на прашањето  дали и колку демократијата е доволно силен механизам во сузбивањето на асиметричните закани.
6. “Through national criminal intelligence database to more effective fight against international crime”, Ass.M.Gjurovski, MA, Ass.L.Gjurov, MA, International Scientific conference “Suzbivanje kriminala u okviru medjunarodne policiske saradnje”, Tara-2011, Kriminalisticko-Policiska akademija, Beograd, 2011 
Преку националната база на податоци од криминалистичкото разузнава се постигнува поефикасна борба против меѓународниот криминал се тврди во овој труд. Значајно место во него зазела новата т.н. алатка обработка и давање на податоци помеѓу органите со законски надлежности за борба против организираниот криминал, тероризмот и други видови криминални активности преку единствен централизиран и интегриран информационен систем кој претставува сосема нов квалитет во Република Македонија. Сé до моментот на целосна имплементација на Националната разузнавачка база на податоци и отпочнувањето со нејзина примена, надлежните органи на државната власт располагаат со постоечките бази на податоци, кои се застарени и неефикасни се наведува во анализата на трудот. Во таа смисла, податоците во постоечките бази се нестандардизирани, некомпатабилни, технички-функционално застарени, изработени на различни технички платформи, со што е оневозможен директен пристап и користење на податоците, што од друга страна значително го отежнува процесот на изготвување криминалистичка анализа. Во овој момент, размената на податоци и информации со меѓународните организации вклучени во борба против организираниот, сериозниот криминал и тероризам (ИНТЕРПОЛ, СЕКИ Центар, ЕВРОПОЛ и други) е отежната се нагласува во научно стручното истражување на трудот објавен во Меѓународно научно списание од значајна Меѓународна научна Конференција во странство.
7.„Влијанието на економските случувања врз безбедносната политика и ервоатланските интеграции„, „Безбедносни дијалози„ Меѓународно Научно Списание од областа на безбедноста, одбрана и мировните науки на Филозофски Факултет-Скопје, Институт за безбедност,одбрана и мир,, Скопје,2011 
Овој труд ги разгледува економските економските димензии на идното членство на Република Македонија и други земји од Југоисточна Европа во НАТО. Идејата за економската безбедност според аргументацијата наведена во трудот е поставен во исполитизирана расправа за прирордата на односот помеѓу политичките структури на меѓународниот (не)ред и економската структура на светскиот пазар. Главната противречност на односот создава различни гледишта за тоа, кој има предност во однос: државата и општеството или пак на пазарот, како и дали воопшто индивидуалните економски актери може да имаат право на заштита од функционирањето на пазарот е прашање за кое се дава одговор од авторите во трудот објавен во Меѓународно Научно списание од областа на безбедноста, одбраната и мировните науки.
8.„Влијанието на евроатланските интеграции врз безбедноста и економскиот развој„ Меѓународно научно списание „Хоризонти„ Универзитетот „Свети Климент Охридски„-Битола, 2011 
Интерес на авторот во трудот е членството во НАТО Алијансата во делот на нејзиниот придонес во експанзијата на странски вложувања во земји кои се интегрирале и имаат тројно зголемување на странстви директни инвестиции. Причини за ваквата престврница се лоцира директно во политичко-безбедносната стабилност зад која стои Алијансата како гаранција дека капиталот и парите на инвеститорите се вложуваат во сигурен регион и стабилна држава.
9.“Nove poslovne mogucnosti I clanstvo u NATO”, Ass. M.Gjurovski, M.A., Montenegro Economic Trends-MONET/SECURITY,ISSN 1451-3617,Institut za strateske studije i projekcije, Koordinacioni tim Vlade Crne Gore za implementaciju Komunikacione strategije o evroatlanskim integracijama Crne Gore, Podgorica,Crna Gora, 2011 
Повеќе различни анализи детерминираат скептицизам во поглед на директното влијание врз колективната и економска безбедност се наведува во заклучоците на трудот. Овој скептицизам не е толку реален и е производ на непознавања на новите можности, но и слабиот административен капацитет кој неможе да се искористи, се вели во анализата на трудот.
10.“Republika Makedonija u NATO-u” Ass. M.Gjurovski, M.A., Montenegro Economic Trends-MONET/SECURITY,ISSN 1451-3617,Institut za strateske studije i projekcije, Koordinacioni tim Vlade Crne Gore za implementaciju Komunikacione strategije o evroatlanskim integracijama Crne Gore, Podgorica,Crna Gora, 2011 
Македонската одбрана нема потреба од голем број на објекти, инфраструктура и друг простор бидејќи преку осолободувањето од нив се обезбедуваат финансиски средства кои може да донесат поевеќе кратна општествена и финансиска корист на Република Македонија, се наведува во главната теза на трудот. Според направеното анализа се доаѓа до заклучок дека добиените средства може да се наменат за зголемување на животниот стандард  на вработените во одбраната и други значајни потреби.
11.”Значението на Президента на Република Македония като върховен главнокомандващ на въоръжените сили и проблеми при неговото функционално действие”, Мариян Гюровски, Научно списание за книгата “ИЗДАТЕЛ” №. 1-2 / XIII, 2011 г., Република България
Во трудот се крави критички оствр на поставеноста на Претседателот на Република Македонија согласно Уставот на земјата, при тоа нудејќи алтернативи за реформи во неговото позиционирање како Врховен командант на вооружените сили на Република Македонија.
12.NATO’S NEW STRATEGIC CONCEPT AND TRANSFORMATION OF THE DEFENSE-SECURITY SECTOR IN THE REPUBLIC OF MACEDONIA, Snezana Nikodinovska-Stefanovska, Ph.D. , Marjan Gjurovski, M.A. Faculty of Security-Skopje, Macedonia, INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE “SECURITY AND EUROATLANTIC PERSPECTIVES OF THE BALKANS  POLICE SCIENCE AND POLICE PROFESSION (STATES AND PERSPECTIVES)”, Volume I,  25-26 May 2012, Ohrid
Како новиот стратешки концепт на НАТО влијае на трансформацијата на безбедносно одбранбениот систем на Репувлика Македонија е истражувачкото прашање на кое одговараат авторите во трудот. Преку анализа на Новиот концепт на Алијансата се гледа што тој  реформира,а што се нуди ново. Базичниот текст на Вашингтонскиот Договор на НАТО од 1949 година беше уште еднаш  реинтерпетиран во рамки на посебниот геополитички контекст за да одговара на стратешката околина која постојано се менува. Концептот на активно ангажирање и модерна одбрана предвидува нови насоки и го информира светот зошто НАТО е сеуште витален и силен се наведува во трудот.
13.“COMPARATIVE ANALYSIS OF LEGISLATION GOVERNING EDUCATION FOR PRIVATE SECURITY IN THE WESTERN BALKANS”, Duško Vejnović, Ph.D.,Marjan Gjurovski, M.A., Gojko Pavlović,M.A.  INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE “SECURITY AND EUROATLANTIC PERSPECTIVES OF THE BALKANS  POLICE SCIENCE AND POLICE PROFESSION (STATES AND PERSPECTIVES)”, Volume I,  25-26 May 2012, Ohrid
Развојот на приватната безбедност е феномен и всушност по својата природа претставува процес на пренесување на дел од безбедносните функции на државата на недржавни (нејавни-приватни) безбедносни субјекти. Како таков отвара многу прашања на кој авторите даваат одговори поврзани со разбирањето и иднината на безбедноста, слободата, животот, правото и темелните вредности на општеството. Овој труд користејќи претежно теоретска компаративна анализа, разработка на секундарна извори на податоци од истражувања и сопствени критички размислувања за предметот научно одговара на ова централно прашање во теоријата и праксата на приватната безбедност кај нас и во светот.
14. “Unutrasnja bezbednost EU i policijska saradnja u postlisabonskoj eri” Prof. D-r Snezana Nikodinovska-Stefanovska, Ass. M-r Marjan Gjurovski, Fakultet bezbednosti-Skoplje, Zbornik radova Medjunarodna naucna konferencija “Suzbivanje kriminala i evropske integracije, s osvrtom na visokotehnoloski criminal”, Laktasi BiH, 28-30.03.2012 god.
Во трудот се анализира имплементацијата на Договорот од Лисабон на просторот на слободата, безбедноста, правдата и посебно полициската соработка, како и значењето на Стратегијата за внатрешна безбедност за создавање европски безбедносен модел. Понатаму во трудот се прикажуваат активностите на Република Македонија во областа на хармонизацијата на националното законодавство со законодавството на ЕУ во областа на правдата и внатрешните работи.
15. “The essence of terrorism and terrorist organizations” Marjan Gjurovski, Gojko Pavlovic, International scientific conference “Organized crime, the challenge of the XXI century”, 13-14 Octomber 2012, Faculty of Economy and Justice, Novi Sad, Serbia
Авторите детално се посветени на структурата на терористичките организации, кои се терористи, кои нивни жртви, се само некои од прашањата  кои неминовно се наметнуваат  при длабока анализа за овој безбедносен проблем.Врз основа на анализа на терористичките организации и нивните активности, во трудот се констатира дека тие се закана за современиот свет со оглед на тоа што бројот на држави на кои се обиснати терористички закани се повеќе бројни.
16.”European standrads in the fight against terrorism” Marjan Gjurovski, Gojko Pavlovic, International scientific conference “Terrorism as a Global Security Threat”, Centre for Security studies-Belgrade,  23-24 June 2012 Novi Sad, Serbia
Централниот дел на трудот се однесува на еден од целите на Европската Стратегија за безбедност, а е посветен на спречување, односно превенција на тероризмот, радикализмот и регрутацијата на лица за терориртсички акти во Европа. Понатаму посебно внимание авторите посветуваат на чекорите кои ги превзема Европската Унија за оставрување на нагласената цел и пред оневозможување на пристап до финансиски извори.
17. “Savremeni rizici i pretnje bezbendosti u region i Republici Makedoniji” Lazar Gjurov, Marjan Gjurovski, Zbornik radova 6-ta Medjunarodna Naucni naucni skup Dani bezbjednosti na temu “Drustvena reakcija na savremene oblike ugrozavanja bezbjednosti”, Fakultet za bezbjednost I zastitu Banja Luka, BiH 2012
Во овој период не постојат ризици и закани кои може да предизвикаат војна во Југоисточна Европа е општиот заклучок на трудот кој прави анализа на современите ризици и закани по безбедноста во регионот и Република Македонија. Нови закани според истражувањето во трудот се: ширењето на милитарниот национализам, идеите за големи етнички држави,  етнички и верски судири, верски фундаментализам, шверц на пружјем трговијата со дрога, деградација на животната средина и др.
18. “The influence of communication skills in strengthening the citizens trust through the concept of community policing” Gjurov Lazar, Gjurovski Marjan, European defendoology center for Scientific,Political,Economic, Social, Security, Sociological and Criminological , XV, 2012
Колкаво е влијанието на комуникациски вештини во зајакнување на доверба меѓу граѓаните, преку концептот на полициското работење во заедницата е главната цел на трудот во кој детално се претставени алатките и новите организациски шеми производ на концептот community policing.
19.“Упоредни прикаѕ полицијске обуке и образовања у Републици Србији, Македонији и Републици Српској“, Жељко Никаћ, Бобан Симић, Марјан Ђуровски, Гојко Павловић, Часопис „Беѕбједност, полиција, грађани“  Година VIII, број 3-4/12
Авторите во трудот укажуваат на потребата на полициската обука и образование да се посвети адекватно внимание, односно целосно се истражи и постават сите негови аспекти. Покрај тоа се истакнува дека полициската обука и образование мора да биде во согласност со потребите на професинализмот, односно дека сегашниот квалитет на едукација треба да се подигне на уште поголемо квалитативно ниво.
20. “Through NATO membership to economic security and stability”, Ass. M.Gjurovski, S.Nikodinovska-Stefanovska, L.Gjurov, Montenegro Economic Trends-MONET/SECURITY,ISSN 1451-3617,Institut za strateske studije i projekcije, Koordinacioni tim Vlade Crne Gore za implementaciju Komunikacione strategije o evroatlanskim integracijama Crne Gore, Podgorica,Crna Gora, Volume 31/1, 2012
Прикажаниот труд се занимава со концептот на оф сет програми, односно набавките во одбраната со што според добиените резултати во анализата се потврдува дека преку модернизацијата на АРМ и останатите безбедносни сили во земјата може да се оствари значајно влијание во зголемување на извозот на Република Македонија и подобрување на економските движења во неа.
21.”Местото и улогата на Претседателот на Република Македонија во безбедносниот систем„ Марјан Ѓуровски, Горан Илиќ, Меѓународен годишник на Факултетот за безбедност-Скопје, година XXXII, 2012
Централниот лост и „душата„ на власта лежи токму во извршната власт. А политичко извршната власт во Република Македонија е бицефална  односно им е доверена на Владата и на Претседателот на Републиката. Преку анализатата досегашна пракса во трудот се покажува дека ако имаме авторитетен Претседател, тогаш тој ќе има зајакната улога и обратно, ако тој нема личен авторитет тогаш Владата ќе има доминантна улога се наведува во овој прегледен научен труд објавен во Меѓународен Научен зборник.
22.“Епистемолошкиот структурализам на нормативната и трансформативната моќ на Европската унија во меѓународните односи„ Горан Илиќ, Марјан Ѓуровски, Меѓународен годишник на Факултетот за безбедност-Скопје, година XXXII, 2012
Во предметниот труд се прави анализа на суштествените елементи на нормативната и трансформативната моќ на Европската Унија и нивните фундаментални специфики. Истражувањето на овие концепти на надворешно-политичката моќ, е директно инспирирано од нивната значајност и заемна интерферентност, како и нивната апликативност врз постојниот  светоглед на ЕУ во меѓународните односи во 21 век. Главата истражувачка интенција на трудот се состои од дефинирањето на епистемолошкиот структурализам на предметните концепти и тоа низ призма на надворешно-политичките, безбедносните и одбранбените консеквенции на ЕУ како таква.
23.Приказ на книгите „Методологија на безбедносните науки-основи, Книга Прва„ и „Методологија на безбедносните науки-истражувачка постапка, Книга Втора„ од Проф. д-р Цане Мојаноски, Марјан Ѓуровски, Меѓународен годишник на Факултетот за безбедност-Скопје, година XXXII, 2012
Наведениот ракопис претставува  одлично академско претставување на две значајни книги за Методологијата на безбедносните науки што кај нас е пионерски учебник во областа на безбедносните науки и е еден од ретките за подрачјето на општествените науки, а може да се врбои меѓу малкуте од оваа област во регионот.
24.“Security as subject of research” Cane Mojanoski, Marjan Gjurovski, International scientific defence, security and peace journal of the Ministri of defence of the Republic of Macedonia, XII, 2012
Ако науката која се занимава со проучувањето на општеството се нарекува социологија, на војната е полемологија, на одбраната-дефендологија, на економските појави-економија, на правните појави-право, на политиката-политиколошка наука, тогаш кое е името на науката која се занимава со безбедносните појави е главно истражувачко прашање во трудот. Дали таа е безбеднологија, безбедносна наука,секјуритизација, асфалиологија или нешто друго подетално се навлегува во овој значаен труд кој навлегува во безбедноста како предмет на истражување.
25.„Планирањето на односите со јавност во воени операции и услови на безбедносни ризици и закани„ Марјан Ѓуровски, Лазар Ѓуров, Зборник на трудови од Меѓународната научна Конференција „Milcon 2012”, Skopje, 2012
Информирањето во врска со одбраната е дејност од исклучително значење не само заради обезбедувањето информации за се што се случува во Министерството за одбрана и АРМ, туку и за тоа што тоа претставува битен услов за ангажирано и квалитетно учество во донесувањето ис проведувањето на одлуките за сите битни прашања од овој сегмент на општествениот живот на Република Македонија, се наведува меѓу другото во трудот. На крајот се заклучува дека валидноста во донесувањето на која било одлука претполага добра информираност за наведената проблематика.
26.“Tradicional and contemporary concept of security” Gojko Pavlovic, Marjan Gjurovski, International peer reviewed “Security dialogues” Vol, 3, No.2, 2012
Во овој труд се истакнува фактот дека промените кои се случија на меѓународната сцена по Студената војна предизвикаа промени во идеите, особено во генералниот концепт на безбедноста. Покрај тоа се презентираат традиционалните концепти на безбедноста и потоа се наведуваат одредени поенти во согласност со кои се дефинира безбедноста во современа смисла, за на крајот да ги објасни современите концепти на безбедноста.
27.“Regional Cooperation in the Western Balkans in the Area of Security and Crisis Management” Marjan Gjurovski, Snezana Nikodinovska-Stefanovska, , International Thematic proceedings “Unapređenje bilateralnih odnosa Republike Srbije sa drzavama Jugoistocne Evrope“, Institute of international politics abd economics, Belgrade 2012
Во трудот се прави длабинска анализа на развивањето на регионална соработка во Западен Балкан во областа на безбедност со посебен осврт на  управувањето со кризи. Меѓу останатото се нуди конкретен модел на соработка со што може да се придонесе кон ефикасно решавање на кризите.
28.”Unification of political, economic and security systems in terms of globalization” Trajan Gocevski, Marjan Gjurovski, International Thematic proceedings “National and European identity in the process of European integration”, Institute of international politics abd economics, Belgrade 2013
Како обединувањето на политичките, економските и безбедносни системи во услови на глобализација влијае во градењето на националниот односно европскиот идентитет е едно од прашањето на овој труд.
29.“National platform of the Republic of Macedonia for reducing the risks of catastrophes efficiency mechanism” Marjan Gjurovski, Thematic proceedings of International significance “National critical infrastructure protection-regional perspective”, Faculty of security studies Belgrade, 2013
Вклучувајќи ги ризиците и катастрофите во категоријата определена од аспект на изненадување, односно неможноста да се предвиди кога ситуација може да се случи дека во секој начин може да го загрози нормално секојдневниот живот или може да предизвика материјална штета на општеството, стратегија за ефикасно постапување во случај на критични инциденти се чини дека се повеќе од потребно во Република Македонија. Приодот во однос на воспоставувањето и функционирањето на Националниот платформа зависи од стратешки и политички сили во општеството, како и за културните квалитети се наведува во трудот. Воедно покрај анализа на Националната платформа во трудот се нудат решенија за овозможување поголема механизам за надминување на ризикот од катастрофи.
30.“Preventing and fighting organized crime in the EU-a new with the Lisbon treaty and the Stockholm programme”, Snezana Nikodinovska-Stefanovska, Marjan Gjurovski, Мећународни научни скуп „Супротстављање организованом криминалу-правни оквир, међународни стандарди и процедуре“ Криминалистичко-полицијска академија, Тара 2013
Фокусот на овој труд е ставен на спречувањето и борбата против организираниот криминал во ЕУ во новата т.н. ера по Лисабонскиот договор при што се дава прилог кон преставување на правната рамка, меѓународните стандради и процедури во справувањето со организираниот криминал.
31.“Post-national networking:significance of EU for the “helvetization” of the Balkans” Goran Ilic, Marjan Gjurovski, International scientific conference “The Balkans between past and future: security, conflict resolution and  euro-atlantic integration” Volumen II, Ohrid 2013
Трудот преставува уште еден прилог кон анализа на Европската Унија и нејзината геополитичка поставеност и делување на Балканот.
32.“Regional contribution to global peace and conflict resolution” Marjan Gjurovski, Goran Ilic, International scientific conference “The Balkans between past and future: security, conflict resolution and  euro-atlantic integration” Volumen II, Ohrid 2013
По прикажување на учеството на Армијата на Република Македонија во мировни операции во трудот се доаѓа до предлог решенија за регионална соработка во областа на безбедноста и решавањето на конфликти состојби на Балканот.
33.”The place and role of public security in security studies and concepts” Marjan Gjurovski, Snezana Nikodinovska-Stefanovska, Thematic proceedings of international singnificane “Archibald reiss days” Volume III, Academy of criminalistics and police studies, 2013
Кое е местото и улогата на јавната безбедност во студиите за безбедност и нејзините концепти е прашање од кое се тргнува во наведениот труд кој дава прилог кон науката за безбедност како предмет на истражување. Воедно особено се дава светло на концептот на јавна безбедност како значајна алка во секторот за внатрешни работи.
34. “The quest for a rational words order:the post-american world seen through the EU ideological lenses” Goran Ilic, Marjan Gjurovski, International yearbook, Faculty of security,2013
Трудот претставува придонес кон геополитиката со оглед на тоа што е во потрага по рационалните поими на пост-американскиот поглед низ идеолошки леќи на Европската Унија. Воедно се даваат заедничките точки на ЕУ и САД, како и прашањата по кои имаат дијаметрално спротивна ставови.
35. “The power of the European Union through the prism of political, security and defence conceprts” Goran Ilic, Marjan Gjurovski, International Thematic proceedings “Evropska unija i Zapadni Balkan izazovi i perspektive”, Institute of international politics and economics, Belgrade 2014
Авторите на трудот прават успешна анализа на моќта на Европската унија низ призмата на политичките, безбедносните и одбранбените коцепти, воедно каде се наоѓа Западниот Балкан во нив меѓу кои и Република Македонија се прашања на кои се дава соодветен одговор во авторискиот труд од Меѓународна научна конференција во странство.
36.“The impact of the process of creating security policies on the crises management” Marjan Gjurovski, Goran Ilic, , International Thematic proceedings “Crisis Management Days” University of appelied sciences Velika Gorica, Croatia 2014
Посебната потреба на општеството за заштита од криза може да се оствари преку соработка на релевантните институции и граѓаните. Взаемната помош овозможува пристап до професионални ресурси во случај на опасности и закани и развој на криза, се наведува меѓу другото во трудот. Преку него се прави уште еден значаен придонес кон истражувањето на кризниот менаџмент.
37.“MODERNISM AS AN OBSTACLE: THE POSTMODERN NATURE OF THE EUROPEAN UNION AND THE REPUBLIC OF MACEDONIA” Goran Ilik, Marjan Gjurovski, INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE “MACEDONIA AND THE BALKANS, A HUNDRED YEARS AFTER THE WORLD WAR I – SECURITY AND EURO-ATLANTIC INTEGRATIONS” BOOK OF ABSTRACTS , Ohrid 2014
Модернизмот како пречка е предмет на истражување на овој труд каде посебно внимание се посветува на :постмодерната природа на Европската Унија и Република Македонија.
38.“THE CONCEPT OF NATIONAL SECURITY IN THE CONTEX OF THE REGIONAL SECURITY “ Marjan Gjurovski, Mladen Bajagic ,Gojko Pavlovic,МА INTERNATIONAL SCIENTIFIC CONFERENCE “MACEDONIA AND THE BALKANS, A HUNDRED YEARS AFTER THE WORLD WAR I – SECURITY AND EURO-ATLANTIC INTEGRATIONS” BOOK OF ABSTRACTS , Ohrid 2014
Каде се наоѓа концептот на национална безбедност во однос на регионалната безбедност се прави успешен обид преку овој труд да се дефинира. Покрај тоа се навлегува во концептот на меѓународна безбедност и нејзината позиција наспроти регионалниот безбедносен контекст како посебен безбедносен концепт.
39.“Through NATO membership to economic security and stability” Marjan Gjurovski, Goran Ilic, International Scietific journal “Horizons” Series A, Social Sciences and Humanitues, 2014
Преку широкиот концепт на безбедноста се обработува концептот на економска безбедност што има значајно влијание во решавањето на проблемите во безбедноста односно разрешувањето на одредени конфликти состојби.
40.“The axiological foundations of the European Union foreign policy” Goran Ilic, Marjan Gjurovski, International Scietific journal “Horizons” Series A, Social Sciences and Humanitues, 2014.
Аксиолошките темели на надворешната политика на Европската Унија се обработуваат во овој труд кој дава придонес кон меѓународната безбедност и меѓународните односи потикнати од Европската Унија.
41.“Situation and perspectives of crisis management in the Republic of Macedonia: with special reference to the police” Marina Mitrevska, Marjan Gjurovski, Thematic conference proceedings of International significance “Archibald Reiss Days”2014.
Состојби и перспективи на управување со кризи во Република Македонија со посебен осврт на полицијата е главниот фокус на оовој труд кој преку критички осврт се наведуваат слабите страни на делувањето на системот за управување со кризи во Република Македонија.
42.“The influence of migration on materialisation of political and military power of the states” Marjan Gjurovski, Igor Gjorevski, Biljana Gjorevska Avramovska, Tonie Petreski, First International scientific conference “Social change in the global world” Center for legal and political research, Faculty of Law, University “Goce Delcev”-Shtip, 2014
Геополитичката положба на Република Македонија овозможила миграционите движења да остават свои траги врз нејзината политичка и воена моќ, сметаат авторите. Кои се последиците од миграцијата кои ги чуствуваат малите и недоволно економски развиените земји е задача која си ја има поставено овој труд.
 
Научно – стручни трудови и написи во РМ 
1.„Менаџирањето со реформите на безбедносните системи од Западен Балкан-состојби и перспективи„, Научно списание Годишник на Факултетот за безбедност-Скопје за 2011 година 
Безбедносните системи кои ќе останат нереформирани или недоизградени може да претставуваат сериозна закана, како за сопствените граѓани така и за безбедноста и имиџот на регионот кој сака да се претстави во светот како демократски ориентиран и издигнат над негативното наследство е заклучон на трудот кој прави осврт на реформите во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија и Црна Гора.
2.Затворени наспроти отворени кандидатски листи низ призмата на медиумското (не) преставување, Научна Конференција „Претставување и одговорност-отворени или затворени кандидатски листи?„Национален демократски Институт 2010 год. 
3.„Значењето на евроатланските интеграции за економската безбедност на државата„ Зборник од Научно-стручна Конференцијат на тема „Безбедност, еколошка безбедност и предизвиците на Република Македонија„ Факултет за безбедност-Скопје при Универзитет „Свети Климент Охридски„-Битола , Септември 2010 год. 
4.“Подршка на домашната економија преку армиското опремување„ Марјан Ѓуровски, Списаниет на Министерството за одбрана „Штит„  година IV број 39, 2012
5.„Ризиците и заканите за економската стабилност на државата„ Марјан Ѓуровски, Списание на Министерството за одбрана „Штит„  година IV број 40, 2012
Основи на безбедност и безбедносен систем
Современи теории и системи за безбедност
Кризен менаџмент
Безбедносни политики
Безбедносни стратегии
Дипломатија и меѓународна безбедност
Стратешки анализи
Асиметрични закани
 
Термини за консултации:
Четврток: 12.00-13.00 часот
Петок: 09.00-10.00 часот
Телефон: +389 2 2546-211, лок. 210
Факс: +389 2 2545-070
Е-пошта:     mar.gjurovski@gmail.com;
mgjurovski@fb.uklo.edu.mk;
Blog Attachment