Редовен професор д-р Жидас Даскаловски

Редовен професор д-р Жидас Даскаловски

Проф. д-р. Жидас Даскаловски е роден на 21.06.1974 година во Битола. По завршеното средно образование во учебната година 1993/4 г. се запишал на Американскиот Универзитет во Бугарија, во Благоевград, каде студирал политологија. Додипломските студии  ги завршил со одличен успех на Факултетот за политологија и историја на овој реномиран универзитет, во 1997 г.  За време на целокупните студии ја имал стипендијата на Фондацијата Отворено Општество за најдобри ученици од Источна Европа. Веднаш по дипломирањето, 1997/98 г. се запишал на постдипломски студии на Катедрата за Југоисточна Европа на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, повторно како стипендист на Фондацијата Отворено Општество. Ги завршил студиите бранејќи ја магистерската теза  „Македонскиот национализам кон крајот на 19 и почеток на 20 век“, здобивајќи се со академскиот степен Master of Arts. 
Во септември 1998 ги започнал докторските студии на факултетот за Политологија на истиот универзитет, и овој пат добивајќи целосна стипендија. Докторатот на тема  „Либералната Теорија и Нацио-создавање (Liberalism and Nation Building) го одбранил во декември 2003 година и се стекнал со научниот степен доктор на политички науки. Прв е македонски граѓанин што докторирал на овој етаблиран меѓународен универзитет. 
За време на студиите се стекнал со дипломи за завршени специјализирани школи меѓудругите и од Georgetown University и Robert Schumann Centre for Advanced Studies при European University Institute, потоа на летните школи на Центарот за либерално-демократски студии во Петровац и Центарот за студии на демократијата на Вестмнинстерскиот универзитет, во Пераст, Црна Гора, летна школа на Институтот Евро-Балкан во Охрид, на Институтот за меѓународни односи и политички науки во Вилнус, Литванија, летната школа на Државниот универзитет во Ереван Ерменија, на Карловиот универзитет во Прага, летните школи на универзитетите во Лувен, Тибинген и др.
Кандидатот д-р Жидас Даскаловски, за време на студиите и магистерските односно докторски програми, добил голем број на стипендии и награди меѓу кои и Lord Dahrendorf Fellowship на колеџот St.Antony’s на престижниот Oxford University, за академска година 1999-2000 и Macedonian Teacher Fellowship на School of Slavonic and East European Studies, при University College London, за академската 2000-2001. 
Држел предавања на теми од македонската политика а во летото 2001 година е организатор на конференцијата “Macedonia-Macedonias? Changing Contexts in the Changing Balkans.” На истата учество зедоа еминентни стручњаци од повеќе универзитети ширум светот. Есента 2002 е research fellow на Academy for Migration Issues in Denmark, University of Aalborg каде има свое предавање за Македонскиот Модел на Демократија. Пролетта 2003 има студиски престој на Center for Slavic, Euroasian, and East European Studies, на University of North Caroline. Во есента 2003 истражувач е на World Institute for Development Economics Research, во Helsinki. Д-р Даскаловски имал повеќе пократки или подолги студиски престои на угледни универзитети, меѓу кои секако спаѓаат оние на Северна Каролина во Чапел Хил, Алборг, во Данска, Универзитетскиот колеџ на Лондон, Џорџтаун во Вашингтон, Тибинген и други. 
 
2. Наставна дејност и студиски престои 
 
По докторирањето, Даскаловски се враќа во земјата и во првиот семестар на учебната година 2004/5 се ангажира како наставник по предметот Јавна политика и масовни медиуми, и Споредбена јавна администрација на Катедрата по Јавна Администрација, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Во вториот семестар на истата учебна година асистент е по предметот Полиција и човекови права, на Полициската Академија во Скопје.Почнувајќи од 2005 година кандидатот е визитинг наставник на кадетрата по политологија на Правниот Факултет “Јустинијан Први” во Скопје. Доцент е на Правниот Факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј од декември 2005 година. До 2007 година предава на одделот за Политички студии и тоа на предметите: Политологија и Јавно мислење и масовни комуникации. Во 2007/8 година станува и доцент на Факултетот за Администрација и Менаџмент на информациски системи (ФАМИС) при Универзитетот Климент Охридски. Во 2010/1 година станува и вонреден професор на ФАМИС. Предава низа предмети како: Вовед во политологија, Применета политика, Меѓународни односи на Балканот, Заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, и Политики на ЕУ и на последипломски студии: јавна политика, проектен менаџмент и истражувачки методи.Во 2014/5 станува вонреден професор на Факултет за безбедност при Универзитетот Климент Охридски каде го предава предметот: Современи политички системи. Од 2016 година е редовен професор на истиот факултет каде предава Современи политички системи, Управување со човекови и социјални ресурси, Геополитика, Историја на Македонија и Балканот.
Во учебната година 1999/2000  станува CEU/ Dahrendorf Fellow на колеџот Св. Ентони, на Универзитетот во Оксфорд, ВБ.  Во периодот 1999-2000 година бил аналитичар на Иницијативата за локална самоуправа на проект “Процена на локалната самоуправа во Македонија“. Во Април 2000 година е еден од организаторите на конференцијата на Меѓународната политолошка работилница и на АЕГЕЕ- „Косово- разбирање на минатото- гледајќи во иднина“. Во мај истата година е еден од коосновачите на Oxford University Balkan Society. 
Во учебната година 2000/2001, е наставник по Македонски студии на Школата за словенски и источно-европски студии на Универзитетскиот колеџ во Лондон. На овој колеџ, како и на повеќето веќе наведени студиски центри, држел предавања за современата македонска политика, демократска практика и политички живот. Кандидатот Даскаловски се стекнал на наведените универзитети и студиски центри со солидно наставно-научно искуство, педагошка рутина и способност за комуникација со слушателска и студентска публика вклучувајќи ја и наставата на англиски јазик.
 
3. Научно- истражувачка дејност и учество на конференции
Кандидатот постигнал значајни резултати во доменот на научно-истражувачката работа. Во неговиот опус на научно-истражувачка дејност забележиви се многубројните апликативни и истражувачки проекти, настапите со истражувачки резултати на стручни и научни конференции, советувања, семинари и други собири во земјата а посебно во странство како и неговите стручни и научни трудови (статии, осврти, книги) објавени во земјата а посебно во странство. Од 1999 година до денес е уредник на научното политолошко списание Journal of Southeast European Politics (www.seep.ceu.hu). Списанието објавува текстови со политолошка тематика сврзани со Балканот. Во 2009 година е добитник на наградата на Македонската академија на науки и уметности, Млад научник на годината, за своите трудови објавени во минатите три години во стручни списанија и книги.
Д-р Даскаловски е основач во 2004 година и еден од главните аналитичари во Центар за истражување и креирање политики (www.crpm.org.mk), институција која во Македонија има исклучително широк дијапазон на проекти од применетата односно јавна политика и анализа на јавните политики. Работел и за Секторот на ОН за економски и социјални прашања (UNDESA), во рамките на проектот за Иновации на јавната администрација во Евро-Медитеранскиот регион а напишал анализа за спроведувањето на Охридскиот Рамковен Договор во Македонија, како и анализи во рамки на проектот за Единствена Визија/ War Thorn Societies Project International, раководен од професор Ферид Мухиќ.
Кандидатот во последните неколку години учествувал на најмалку 25 значајни научни конференции, семинари, работилници и симпозиуми, главно во странство, посебно во регионот, при што настапувал со свои реферати и истражувачки извештаи од кои повеќето се отпечатени во зборници на самите конференции. Темите се главно од политолошка проблематика и тоа- локалната самоуправа кај нас и во регионот, изборите, улогата на јавната администрација и реформите на системот, демократијата и процесите на демократизација,  меѓу-етничките односи и интеграцијата итн. Целосна листа на овие настапи и трудови е приложена на крај на овој извештај.

Превземи CV…

Книги

1. Daskalovski Z. Walking on the Edge: Consolidating Multiethnic Macedonia 1989-2004, Globic: Chapel Hill, 2006.

2. Daskalovski Z. Minorities in Nation-Building Processes, Friedrich Ebert Stiftung: Skopje, 2005.

3. Daskalovski Z. The Macedonian Conflict of 2001: Problems of Democratic Consolidation, Libertas: Sindelfingen, 2004.

4. Daskalovski Z. The Macedonian Conflict of 2001: Between Successful Diplomacy, Rhetoric and Terror, Studies in Post-Communism Occasional Papers, St. Francis Xavier University: Antigonish, 2004.

5. Florian Bieber and Daskalovski Zhidas, Understanding the War in Kosovo, London: Frank Cass, 2003.

Научни статии и делови од книги (поглавја во книги)

Daskalovski Z. “Macedonia: a Country Report” in Bertelsmann Stiftung (ed.), Bertelsmann Transformation Index 2010, Political Management in International Comparison, Bertelsmann Stiftung Verlag: Gutersloh, 2009.

Daskalovski Z. “Macedonia: Challenges ahead” in International Affairs Forum Special Report, Fall 2009.

Daskalovski Z. “Macedonia: a Country Report” in Nations in Transit 2009: Democratization from Central Europe to Eurasia, Jeannette Goehring, (ed.), Freedom House: New York, 2009.

Кандидатот има објавено значителен број на академски трудови во меѓународни списанија како Global Review of Ethnopolitics, Review of International Affairс, Journal of Ethnopolitics and Minority Issues in Europe, Romanian Journal of Political Science, и Critical Review of International Social Political Philosophy. Во 2006 ја објави книгата Walking on the Edge: Consolidating Multiethnic Macedonia 1989-2004, Globic Press: Chapel Hill, а во 2005 Minorities in Nation-Building Processes, Friedrich Ebert Stiftung: Skopje. Меѓудругото своите ставови ги излагал и во македонските дневни и неделни печатени медиуми. Има издадено 3 трудови со т.н. импакт фактор.

Заедно со Флоријан Бибер уредник е на книгата Understanding the War in Kosovo, London: Frank Cass, 2001. Има учествувано во неколку истражувачки проекти и објавено анализи и извештаи за реномирани издавачи, фондации, и аналитички центри како на пример Freedom House (извештајот Nations in Transit 2006 и 2007), United Nations Department of Economic and Social Affairs (UNDESA) и Local Government Initiative. Основач е и уредник на списанието Southeast European Politics од 2006.

Во рамките на работата во Центарот за истражување и креирање политики учествувал во истражувачки проекти кои резултирале со објавување на релеватни студии и анализи. Како пример би ги навеле следните: Macedonian Clothes for Europe;  Policy Study N. 1, How to make the economy of Gostivar  a champion?; Policy Study N.3, Rationalization Of Health Care Services In Macedonia; Policy Study N.4, General Issues Affecting the Shtip Economy; Policy Brief N.2, Flying Cheap to Macedonia- A Mission Impossible?;  Policy Brief N.9, To Study (Abroad) or not? The Problem of the Recognition of Diplomas Issued by Foreign Universities, Policy Brief N.11, The history of the Macedonian textile industry with a focus on ShtipOccasional Paper N. 8World trends in clothing manufacturing ; Occasional Paper N.9, Водич во буџети

Со оглед на тоа што кандидатот објавил значителен број на научни трудови во областа на политологијата во видни списанија тука наведуваме само  некои од побитните.

Understanding the War in KosovoLondon: Frank Cass, заедносо Флоријан Бибер, 2003. Книгата му дава на читателот приказ на многу од компликуваните елементи на Косовската драма. Таа е интересно штиво за експертите кои ја изучуваат историјата и политиката на Балканот. Анализата е направена со умерен стил без да се биде пристрасен кон една од двете страни во судирот на Косово.

The Macedonian Conflict of 2001: Problems of Democratic Consolidation, Libertas: Sindelfingen, 2004, го објаснува конфликтот во Македонија во 2001 година. Посебен осврт е даден на рољата на Европската Унија во смирувањето на тензиите во нашата земја. Исто така има опис на акциите на ОБСЕ и на САД во тој поглед. Анализата на авторот за проблематичната состојба во која се најде Македонија во тоа време е посебно жива и прецизна и преставува пример за тоа како треба да се третираат теми од нашата блиска политичка историја.

“Liberal Theory and Challenges of Multiculturalism-the Case of Macedonia”, во Multiculturalism in Macedonia: An Emerging Model, Ivan Dodovski. (ed.) FOSIM: Skopje, 2005. Авторот објаснува како државата во либерално демократските системи служи како сервис на граѓаните Таа им овозможува да си ги остварат своите животни амбиции. Принципот на толерантност во либералната држава значи дека колку и да се ексцентрични активностите на граѓаните државата нема право да им суди и да ги забранува тие активности. Статијата концизно  прикажува каква е ситуацијата во Македонијапо Охридскиот Рамковен Договор.

“Maкедонски Етнички Модел и Изборни Системи, Политичка Мисла, Vol. 2, N.6, 2004. Во политологијата постојат два главни нормативни модела на менаџирање со етничките конфликти. Тоа се консоцијализмот и интегративниот модел. Во последната деценија двата модела се најзастапени теории за управување со конфликти. Статијата посочува дека иако тие модели беа смислени во однос на проблемите на нацио-создавање во драстично поделените општества на Западна Европа (теоријата на Липкард за консоцијализам) и во однос на состојбите во новоформираните држави во пост-колонијална Африка (интегративниот модел на Хоровиц) сепак се релевантни и за решавање на етничките прашања во земјите од бившиот социјалистички блок како Македонија и пошироко. Авторот јасно потенцира дека со Охридскиот Рамковен Договор Македонија во својот Устав и закони прифати неколку консоцијални методи на организирање и одлучување.

“Democratic Consolidation and the ‘Stateness’ Problem: The Case of Macedonia”, Global Review of Ethnopolitics, Vol.3., N.2., 2004. Демократската транзиција е завршена кога се формираат демократски институции меѓу кои основна е Уставот. Консолидирањето на новоформираната демократија зависи од тоа дали елитите во државата ги прифаќаат и почитуваат основните демократски правила на игра и државните институции а посебно за време на изборите. Авторот посветува посебно внимание на т.н. елитен консензус односно разбирање помеѓу политичките водачи дека правилата и нормите на политичкото делување ќе бидат во рамките на демократските процеси. Статијата јасно го лоцира  прашањето на успешноста на демократската консолидација на Македонија.

Управување со човечки и социјални ресурси

четврток – 12-14:00.

петок – 12-14:00.

емаил – daskalovski@hotmail.com

Blog Attachment