Вебинар  “Јавните политики за безбедност„

image_url

Вебинар  “Јавните политики за безбедност„

Вебинар  “Јавните политики за безбедност„

Факултетот за безбедност-Скопје и Фондацијата Конрад Аденауер на 25.06.2020 го спроведоа четвртиот вебинар во рамки на трилатералната иницијатива на Република Северна Македонија, Република Бугарија и Република Србија посветена на Влијанието на пандемијата Covid -19 врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба. Темата беше “Јавните политики за безбедност„, а свое експертско видување дадоа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје, проф.д-р Трајан Гоцевски член на Советот за национална безбедност на РСМ и професор од Филозофскиот факултет, проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Факултетот за политички науки од Белград, м-р Стефан Сурлиќ од Факултетот за политички науки-Белград,проф. д-р Татјана Дронзина од Филозофскиот факултет при Софискиот универзитет и м-р Јордан Божилов Претседател на Софија безбедносен форум. Во име на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер„ на крајот се обрати Даниела Поповска.

Blog Attachment