Strengthening the relationship between police and community in order to increase the safety and security of all citizens/UNITY

image_url

Strengthening the relationship between police and community in order to increase the safety and security of all citizens/UNITY

Професорите од Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски, проф.д-р Марјан Ѓуровски, проф.д-р Раде Рајковчевски и проф.д-р Катерина Крстевска учествуваа во работата на фокус група на која се дискутираше на теми поврзани со надзорот над безбедносниот сектор во Република Северна Македонија. Оваа фокус група е во рамките на истражувачката компонента на проектот “Развој на капацитети, соработка и култура во надзорот врз безбедносните сектори во Албанија, Косово и Северна Македонија (ДЕКОС)”. Главна цел на проектот е придонес кон зајакнување на Парламентите, граѓанските организации и останатите чинители во остварувањето на демократски надзор врз безбедносниот сектор. Имплементатори на проектот се Центарот за европски безбедносни студии од Холандија; Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје; Институт за политички студии и Институтот за демократија и медијација од Албанија; и косовскиот Институт за истражување и развој на политики.