Одржана online Стручна расправа на тема ,,Сузбивање на еколошки криминал во Република Северна Македонија,,.

image_url

Одржана online Стручна расправа на тема ,,Сузбивање на еколошки криминал во Република Северна Македонија,,.

Одржана online Стручна расправа на тема ,,Сузбивање на еколошки криминал во Република Северна Македонија,,. Активно учество во расправата имаа  претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Министерството за внатрешни работи, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Македонско еколошко друштво, како и професори, студенти и експерти од областа на заштита на животна средина и сузбивање на еколошки криминал. Беа опфатени теми од областа на законодавството, конкретните мерки и активности на надлежните органи за сузбивање на еколошкиот криминал во земјата, корупцијата, организираните форми на криминал, потребата од дополнителна едукација и вмрежување на органите и институциите, потреба за измени во казнената политика, финансиските истраги и многу други. Заклучоците од стручната расправа ќе бидат доставени до надлежните институции со цел зајакнување на мерките на откривање, докажување и разјаснување на еколошките кривични дела во земјата.

Blog Attachment