Доделена Повелба на проф. д-р Оливер Бачановиќ како почесен член на Виктимолошкото друштво на проф. д-р Оливер Бачановиќ

image_url

Доделена Повелба на проф. д-р Оливер Бачановиќ како почесен член на Виктимолошкото друштво на проф. д-р Оливер Бачановиќ

Проф. д-р Оливер Бачановиќ  доби признание- Повелба на почесен член

на Виктимолошкото друштво на Србија

Управниот одбор на Виктимолошкото друштво на Србија донесе одлука да му се даде признание на проф. д-р Оливер Бачановиќ во вид на Повелба на почесен член на Виктимолошкото друштво на Србија (ВДС). Повелбата му беше доделена на 28 ноември оваа година во рамките на свечениот дел на Десетата јубилејна Конференција на ВДС.

Во образложението за доделата на Повлелбата, претседателот на ВДС-  проф. д-р Слободан Савиќ, меѓу другото, истакна дека Повелбата на почесен член им се доделува на поединци кои со долгогодишна работа на подрачјето на виктимологијата посебно ја унапредиле работата на Друштвото или виктимологијата и така дале траен придонес во остватрувањето на целите заради кои ВДС е основано. Со својата работа, залагања и повеќегодишна соработка со ВДС, проф. д-р Оливер Бачановиќ дал голем придонес за развојот на виктимологијата, а посебно за афирмацијата на Друштвото, списанието „Темида“, годишната конференција на ВДС (активен учесник на сите десет досега одржани конференции), во соработката и реализацијата на заеднички истражувачки проекти и др.

Треба да се одбележи дека почесни членови на Виктимолошкото друштво на Србија од неговото основање (во 1997 г.) се истакнати имиња од виктимолош ката и сродните области како што се: проф. Живојин Алексиќ, професор на Белградскиот универзитет и член на  повеќе меѓународни тела и организации; проф. Душан Цотич , поранешен министер за правда, судија на Сојузен суд и професор по кривично право на Белградскиот универзитет и еден од оснивачите на Комисијата на ОН за превенција и контрола на криминалитетот; проф. Аленка Шелих, академик и проф. емеритус на Правниот факултет на Универзитетот во Љубљана; Gerd Ferdinand Kirchhoff, универзитетски професор и Претседател на Светското виктимолошко друштво (WCV- СВД); Jan van Dijk, универзитетски професор, председател на СВД (WCV), член на ГРЕТА, програмски дирекор на Отсекот за виктимологија и безбедност на меѓународниот виктимолошки институт INTERVICT на Универзитетот во Тилбург- Холандија; John Dussich, професор емеритус, прв генерален секретар на СВД (WCV), директор на  меѓународен виктимолошки институт во Мит, Јапонија, основач на Националната организација за поддршка на жртвите во САД (NOVA); Marc Groenhuijsen, претседател на СВД (WCV) и прв директор на меѓународниот виктимолошки институт INTERVICT на Универзитетот во Тилбург, член на Холандската кралска академија; Угљеша Звекиќ, поранешен амабасадор на Република Србија при ОН и други меѓународни организации во Женева, Претседател на Генералното Собрание на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) и претседавач на Економската комисија на ОН за Европа (UNECE), еден од иницијаторите за воспоставување и реализација на Меѓународните анкети за виктимизација (MAV). Да се биде во редот на вакви истакнати и афирмирани имиња претставува не само чест и задоволство туку и признание за досегашните резултати на проф. Бачановиќ на полето на виктимологијата.

Признанието што проф. д-р Оливер Бачановиќ го доби со станувањето на почесен член на ВДС, несомнено претставува празнание како за него лично, така и за неговата матична институција Факултетот за безбедност- Скопје, како и за Универзитетот „Св. Климент Охрдиски“- Битола.

Blog Attachment