Членство во НАТО

Почитувани студенти,

Ве покануваме на онлајн  дебата на тема „Членство во НАТО – Глобални ризици и закани, предизвици и можности„ што ќе се одржи на 6 април 2020 година во 11.00 часот во организација на Факултетот за безбедност-Скопје и Американскиот центар за образование. Говорници: Претседателот на РСМ Стево Пендаровски, Претседателот на Владата на РСМ Оливер Спасовски, полковник Зоран Јанковиќ Шеф на Канцеларијата за врски на НАТО, проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ и професор на Факултетот за безбедност-Скопје,  проф. д-р Ризван Сулејмани Проректор на Универзитетот „Мајка Тереза„- Скопје и проф. д-р Никола Дујовски, Декан на Факултетот за безбедност-Скопје. Пристапот за секој студент ќе биде овозможен преку покана која ќе ја добиете на Вашата е-адреса. Се надеваме дека ќе ја искористите можноста да ги слушнете најновите пораки во чест на Денот на НАТО, особено значајни по нашето членство.

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ