Библиотеката на Факултетот за безбедност во Скопје се наоѓа во објект со вкупна површина од 400 м2, а располага со депо за книги ( 8 850 наслови ), фотокопирница со скриптара, работна просторија, читална ( со 50 места ) и компјутеризирана читална. Во компјутизираната читална студентите имаат на располагање 20 компјутери поврзани на интернет.
Во библиотеката на Факултет за безбедност, студентите имаат пристап до:

  • над 1000-ници домашни и странски книги од областа на безбедноста
  • учебници, научни и стручни книги како дел од Програмата на Владата на Република Македонија за преведување на 500 стручни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Европската Унија,
  • речници, водичи, енциклопедии и др.