Заврши обуката за обработка на податоците во PSPP, односноSPSS

Заврши обуката за обработка на податоците во PSPP, односноSPSS

На Факултетот за безбедност, за студентите на II и III Циклус универзитетски студии во периодот од 21.09.2019 до 5.10.2019 година беше организирана Обука за овработка на податоците во софтверските решенија PSPP, односно СПСС.

Основната цел на обуката беше да се зголемат капацитетите и способностите на студентите во примената на статистичките техники при анализирањето на безбедносните проблеми. Таа беше организирана врз доброволна основа и без дополнителни финансиски оптеретувања.

Според целта и садржината обуката беше фокусира на примената на квантитативната статистичка анализа над повеќе променливи. Посебно беа акцентирани методите на сложените статистички анализи примеренети при:

1. Редукцијата на податоците или структурно поедноставување.

2. Сортирање и групирање на подаоците;

3. Истражување и примена на постапки и техники утврдување на зависноста меѓу променливите;

4. Конструкција на хипотезите и нивно тестирање.

5. Можностите и истражувачки алатки насочени кон предвидување на појавите

Blog Attachment