Запознавање со Противпожарната служба и системот за заштита и спасување на градот Скопје

Запознавање со Противпожарната служба и системот за заштита и спасување на градот Скопје

Во рамки на предметот „Современи теории и систем за безбедност„ студентите од втора година од студиската програма Безбедност под менторство на доц. д-р Марјан Ѓуровски на 23.04.2019 год. ја посетија против пожарната бригада на град Скопје каде се запознаа со системот за заштита и спасување и работата на оваа единица во надлежност на градот Скопје.
Студентската посета се реализираше врз основа на Меморандумот за соработка меѓу Факултетот за безбедност-Скопје и градот Скопје кој минатата година го потпишаа Деканот проф. д-р Никола Дујовски и градоначалникот Петре Шилегов. 
Пред студентите беше изведен техничко-тактички збор на опремата и возилата што ја поседува единицата и подетално беа запознати со нејзините надлежности, работи, задача, мисии и делување во случај на пожар или друг тип на несреќа.
Воедно на крајот беше реализирана показна вежба од припадниците на против пожарната единица на градот Скопје каде практично ја видоа брзата и ефективна реакција во гаснење на пожар и совладување на движења на повеќе скалестата кула во просторот за тренинг и обука на Противпожарната единица на градот Скопје. 
Blog Attachment