Воспоставување на концепт за континуирано учење на полицијата како поддршка за реформите во овој сектор

image_url

Воспоставување на концепт за континуирано учење на полицијата како поддршка за реформите во овој сектор

Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и претставници од Министерството за внатрешни работи одржаа координативен состанок со деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски и претставници од факултетот. Во фокусот на средбата беа можностите за воведување на концепт на доживотно учење и развој на системот на обуки (in-service training) за полициските службеници, чија цел е да придонесе кон развојот на човечките ресурси, преку подобрување на квалитетот на човечкиот капитал.

Со ова ќе се обезбеди поддршка за реформите во овој сектор, со цел да се постигне поголема индивидуална и тимска ефикасност и ефективност во извршување на секојдневните задачи и обврски на сите вработени во полицијата.

Со оглед на фактот што целта е полициска служба која ќе биде сервис на граѓаните и работи во функција на заштита на граѓаните и на нивните права и слободи, нејзиното остварување е возможно единствено преку постојано унапредување на работењето во полицијата, при што главни точки на овој систем ќе бидат воспоставување на концепт за континуирано учење, обука на работното место и унапредување на менторството.

На состанокот беа договорени конкретни чекори со кои во најбрз можен рок ќе се подготват програми и концепти за различни видови на обуки, според потребите на полициските службеници. И двете страни се согласија дека ваквиот концепт на доживотно учење ќе помогне во поддршката и зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, во реформирање на системите и процесите и, секако, на ефективно исполнување на зацртаните цели и подобрување на резултатите.

ЛИНК

Blog Attachment