Вебинар „Лажните вести како хибридна закана“

image_url

Вебинар „Лажните вести како хибридна закана“

 Вебинар „Лажните вести како хибридна закана“
 
На 15.6.2020 се одржа третиот Вебинар на тема „Лажните вести како хибридна закана“ во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Факултетот за безбедност – Скопје и Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Германија во рамки на регионалниот проект „Влијанието на пандемијата врз функционирањето на безбедносниот систем, јавните политики и надворешните односи во услови на вонредна и кризна состојба“. Учесниците ги поздрави Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски и Даниела Поповска од Канцеларијата на Фондацијата во Скопје.
На оваа тема говореа Драган Секуловски Извршен директор на Здружението на новинари, проф.д-р Марјан Ѓуровски Проректор на УКЛО и професор на Факултетот забезбедност-Скопје, проф. д-р Татјана Дронзина, од Софиски Универзитет, Бугарија, Димитар Стојанов новинар и специјалист за препознавање на лажни вести, Бугарија, проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Белградски Универзитет, Србија и Стефан Јањиќ новинар и уредник на порталот за откривање на лажни вести, Србија. Учесници беа професори, студенти и експертска јавност.
Blog Attachment