Веб апликацијата за активностите на полицијата за време на Претседателските избори 2019 година

Веб апликацијата за активностите на полицијата за време на Претседателските избори 2019 година

На покана на Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, на 12 април 2019 година, деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски учествуваше на промоцијата на веб апликацијата за активностите на полицијата за време на Претседателските избори 2019 година. На промоцијата покрај министерот Спасовски се обратија и Амбасадорот на ОБСЕ во Скопје Н.Е. Клеменс Која и претставник на фирмата која ја изработила апликацијата. Преку оваа апликација се унапредува едукацијата на полициските службеници и се даваат корисни совет за постапување пред, за време и по завршувањето на Претседателските избори. Истата е изработена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава. По завршувањето на промоцијата, Министерот Спасовски и деканот Дујовски остварија средба со Амбасадорот Која на која беа презентирани повеќе заеднички идеи на Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност, а беше предложена и конкретна соработка со Мисијата на ОБСЕ. Амбасадорот Која изрази задоволство од начинот на кој се пристапува кон полициската едукација и искажа подготвеност за вклучување на Мисијата на ОБСЕ во заеднички проекти.

Blog Attachment