Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Фондацијата „Конрад Аденауер„ со заеднички проекти за студентите и професорите на ФБ

image_url

Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Фондацијата „Конрад Аденауер„ со заеднички проекти за студентите и професорите на ФБ

Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола и Фондацијата „Конрад Аденауер„ со заеднички проекти за студентите и професорите на ФБ

 

Фондацијата “Конрад Аденауер” од СР Германија во престојната 2020 година и понатаму ќе биде значаен партнер на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола. Ова е потврдено на средбата на Проректорот за студентски работи на УКЛО и институционаолен Еразмус плус координатор проф. д-р Марјан Ѓуровски со Директорот на Фондацијата за Република Северна Македонија и Косово Јоханес Раи. Во разговорот е договорена реализација на Летен Универзитет 2020 односно регионална школа со учество на студенти и професори, и продолжување на  поддршката за активностите на Факултетот за безбедност-Скопје со одржување на Скопје Форум за безбедност 2020 и спроведување на научно-истражувачкиот проект „Индекс на безбедноста„. Во име на Универзитетот за досегашната соработка со Факултетот за безбедност и нејзино проширување во престојната година се заблагодари проректорот на Универзитетот професорот Ѓуровски кој истакна дека на тој начин значајно се придонесува кон зацврстување на македонско-германски односи, европските интеграции на земјата и потикнување на поголема соработка во академската област.  Директорот Раи го истакна значењето на академската размена на студенти и професори која се спроведува преку проектите на Фондацијата со што се дава придонес кон зацрвстување на довербата во регионот и неговата европска интеграција.

Blog Attachment