Учество од Факултетот за безбедност-Скопје на Белградскиот форум за безбедност   

Учество од Факултетот за безбедност-Скопје на Белградскиот форум за безбедност   

Учество од Факултетот за безбедност-Скопје на Белградскиот форум за безбедност

Проректорот на УКЛО проф.д-р Марјан Ѓуровски и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски учествуваат на Белградскиот Безбедносен форум кој претставува значаен настан од областа на меѓународната безбедност и односи. На Форумот присуствуваат претставници на академската заедница, меѓународни и регионални безбедносни и политички организации, тинк тенк и невладини организации од ЕУ, САД и др. Проректорот на УКЛО и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје остварија средба со Претседателката и Програмскиот Директор на Фондот за политичка извонредност и први луѓе на Белградскиот Безбедносен форум Соња Лихт и д-р Марко Савковиќ со цел воспоставување на идна поблиска соработка. Во рамки на форумот свое излагање имаше и проф.д-р Жидас Даскаловски од Факултетот за безбедност-Скопје.

Blog Attachment