Tрибина ,,Женско лидерство во областа на безбедноста,,

Tрибина ,,Женско лидерство во областа на безбедноста,,

На ден 10.4.2019 год во организација на Синдикалната организација на Царинската управа се одржа трибина ,,Женско лидерство во областа на безбедноста,,. На трибината присуствуваа  голем број на вработени во Царинската управа, а свои обраќања имаа: м-р Ѓоко Танасоски, директор на Царинска управа, м-р Тони Апостоловски, Претседател на Синдикалната организација на Царинската управа, Изабела Илиева, Секција на Жени при Синдикатот на УПОЗ, Хризантема Рендевска, Македонски полициски синдикат, Даниела Антоновска, Национален совет за родова рамноправност, како и Саша Сашек Гошева, Валентина Пивоварова и Маџиде Атипи од Царинската управа, модератор: м-р Лилјана Живковиќ Давиткова. 
На трибината активно учество имаше и проф д-р Марина Малиш Саздовска од Факултетот за безбедност Скопје.
Учесниците се осврнаа на улогата на жените лидери во органите на безбедноста, со посебен осврт на Царинската управа. Беа донесени и заклучоци во насока на потребата за натамошна едукација и обука на жените, нивна мотивација и поактивно вклучување во процесите на развој на кариера.
Blog Attachment