Обука на тема „Транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки“ за Секторот за физичко обезбедување на имот и лица од агенцијата ОСА

image_url

Обука на тема „Транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки“ за Секторот за физичко обезбедување на имот и лица од агенцијата ОСА

На ден 26.10.2019 година во просториите на Факултетот за безбедност- Скопје се одржа свечено доделување на сертификати на вработените во Секторот за физичко обезбедување на имот и лица од агенцијата ОСА  за учество и успешно завршена обука на тема Транспорт и пренос на пари и други вредносни пратки. Сетификатите беа доделени од страна на Деканот на Факултетот за безбедност вон. проф. д-р Никола Дујовски и генералниот менеџер на агенцијата Маја Бојчевска-Ѓорѓиевска. Во функција на реализација на главната тема на обуката беа спроведени следните тематски активности од страна на професори и вработени од Факултетот за безбедност- Скопје:

  1. Ескордно обезбедување и безбедноста во сообраќајот (вон. проф. д-р Никола Дујовски);
  2. Психолошкиот аспект – вештини на комуникација, решавање на конфликти и соочување со стресот (вон. проф. д-р Драгана Батиќ);
  3. Проценка на безбедносен ризик (вон. проф. д-р Саше Герасимовски);
  4. Практична примена на овластувања со акцент на употреба на средства за присилба при спроведување на оперативно-тактички процедури и постапки (вон. проф. д-р Јонче Ивановски, д-р Аљоша Недев и Ангел Витевски).

Вкупниот обем на обуката траеше 60 наставни часови, а се реализираше во текот на месец декември 2018 и јануари 2019 година.

Blog Attachment