Свечен Прв академски час на Факултетот за безбедност-Скопје

image_url

Свечен Прв академски час на Факултетот за безбедност-Скопје

На 01.10.2019 година (вторник) со почеток во 11:30 часот во Големиот Амфитеатар на Факултетот за безбедност – Скопје се одржа првиот свечен академски час. Добредојде за новите бруцоши на Факултетот за безбедност-Скопје им посака Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, Проректорот за финансии на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Светлана Николоска и Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски.

„Чест ми е што повторно денеска, на првиот академски час, на почетокот на новата студентска година за студентите и професорите од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Свети Климент Охридски“, го имам задоволството да го поздравам овој респектабилен аудиториум, посакувајќи Ви успешна образовна година“.

Ви го честитам почетокот на студиите, посакувајќи ви на сите вам успех и на личен и на професионален план,  рече Министерот Оливер Спасовски во своето обраќањето.

Воедно на најдобро рангираните запишани студенти од сите студиски програми им беа врачени индексите од страна на Деканот проф. д-р Никола Дујовски.

Прв академски час на Факултетот за безбедност – МИА.мк

Blog Attachment