Студентска посета на Баталјонот за специјални операции на АРМ „Волци„

Студентска посета на Баталјонот за специјални операции на АРМ „Волци„

На 22.04.2019 година во касарната „Илинден“ студентите од Факултетот за безбедност-Скопје беа во посета на полкот за специјални операции и баталјонот за специјални намени „Волци„ при АРМ.
На самиот почеток на посетата студенти беа примени од страна на Командантот на баталјонот за специјални намени потполковник д-р Ѓорги Вељовски каде беа презентирани мисијата, целите, задалчите и искуството на припадниците дома и надвор во мисиите за поддршка на мирот.
Триесетте студенти кои се слушатели на втора и четврта година од студиската програма Безбедност под менторство на доц. д-р Марјан Ѓуровски  со големо внимание ја следеа методско показната вежба на единицата „Волци„. 
На крајот на посетата имаше Тактичко Технички збор на кој беше изложенa дел од опремата и вооружувањето кое се користи во единицата. Прашањата од страна на студентите беа присутни на секоја од работните точки што реално го отслика и нивниот интерес за покажаното. Посетата беше одлична можност да се споделат знаењата од припадниците на полкот и студентите детално се запознаат со функционирањето на значаен сегмент од безбедносниот-одбранбен систем на Република Северна Македонија.
Blog Attachment