Средба со претседателот и претставници на новоформираното Факултетско студентско собрание на Факултетот за безбедност – Скопје

image_url

Средба со претседателот и претставници на новоформираното Факултетско студентско собрание на Факултетот за безбедност – Скопје

На ден 25.10.2019 година во просториите на Факултетот за безбедност – Скопје,
Деканот на факултетот вонреден проф. д-р Никола Дујовски, Проректорот за студенти
и академска мобилност на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола доц. д-р
Марјан Ѓуровски и Продеканот за меѓународна соработка вонреден проф. д-р Раде
Рајковчевски остварија средба со претседателот и претставници на новоформираното
Факултетско студентско собрание на Факултетот за безбедност – Скопје.
На средбата се разговараше за подобрување на комуникацијата помеѓу
студентите и раководството на Факултетот, како и за начинот на функционирање на
собранието. Деканот, проректорот и продеканот им укажаа за потребата од поголемата
иницијатива, мобилност и проактивност од страна на студентите, а со цел подобрување
на комуницијата помеѓу студентите и професорите на Факултетот заради олеснување
на студирањето и студентскиот живот. Раководството им посака успешно
функционирање, им понуди поддршка во делот на техничко-административните
процедури и им истакна дека е секогаш отворено за студентите и подготвено за
соработка со нив.

Blog Attachment