Средба со Директорот на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција

Средба со Директорот на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција

Средба на Продеканот за наука и развој на Факултетот за безбедност Скопје доц. д-р Марјан Ѓуровски со Директорот на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција (IHEDN), генерал потполковник Патрик Дестремо се реализираше на 13.05.2019 година на лична покана на Амбасадорот на Република Франција Кристијан Тимоние. 
Директорот на Институтот за високи студии по национална одбрана на Република Франција (IHEDN), генерал потполковник Патрик Дестремо во рамки на  прва официјална посета на Република Северна Македонија со продеканот Ѓуровски разговараше за можноста за заедничка соработка и развој на проекти за едукацијата и истражување за безбедноста, воедно стана збор за безбедносните ризици и предизвици на земјата и регионот како и за текот на процесот на реформи.
Blog Attachment