Средба на професори од Факултетот за безбедност со Амбасадорот на Република Франција

Средба на професори од Факултетот за безбедност со Амбасадорот на Република Франција

На покана на Амбасадорот на Република Франција во нашата држава Н.Е. Кристијан Тимоние средба со него остварија доц. д-р Марјан Ѓуровски продекан за наука и развој на Факултетот за безбедност-Скопје и проф. д-р Злате Димовски. Во Амбасадата се разговараше за повеќе прашања од областа на безбедноста и надворешната политика, со посебен осврт на реформите и интеграциите на Република Северна Македонија во Европската Унија и НАТО.  На средбата беше нагласен ангажманот на Факултетот за безбедност-Скопје во јавните дебати за реформите кои се спроведуваат во безбедноста. Воедно меѓу другото се разговараше за престојната Меѓународната научна конференција во Охрид 2019 година на тема „Влијанието на големите сили врз безбедноста на малите држави„.

Blog Attachment