Средба на Факултетот за безбедност со претставници од Државниот инспекторат за животна средина и претставник од Амбасадата на САД

image_url

Средба на Факултетот за безбедност со претставници од Државниот инспекторат за животна средина и претставник од Амбасадата на САД

На ден 5.11.2019 год. во организација на предметниот наставник по Еколошка криминалистика ред проф д-р Марина Малиш Саздовска, се одржа гостување на експерт од САД за животна средина Cynthia Schafer, environmental engineer, Environmental Protection Agency. Посетата на Факултетот за безбедност започна со работна средба со Деканот проф д-р Никола Дујовски, на која присуствуваа и инспекторите Дарко Блинков и Ангела Џеповска од Државниот инспекторат за животна средина и Весна Николовска и Антонио Паунов овластени инспектори за животна средина и претставник од Амбасадата на САД. На средбата се разгледаа бројни прашања од областа, како на пример: загадувањето и мерките за справување со загадувањето, еколошкото образование, меѓународните проекти од оваа област, унапредување на идната соработка и др.

Инспекторката Синтија одржа и предавање на студентите од трета година насока криминалист, на кое ги запозна студентите со инспекцискиот надзор во САД, надлежностите и овластувањата на инспекторите во Environmental Protection Agency, конкретни случаи на откривање и инспектирање на загадување на животната средина од големи индустриски капацитети, опремата за форензичка анализа на еко медиумите и др.

По предавањето студентите поставија бројни прашања и покажаа особен интерес и внимание за оваа исклучително значајна тема.

Blog Attachment