Соработка со Амбасадата на САД

image_url

Соработка со Амбасадата на САД

Соработка со Амбасадата на САД

Проректорот на УКЛО проф.д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност-Скопје оствари средба со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз на одбележувањето на 15 години од работењето на Американското катче. За време на свеченоста меѓу другото беше потенцирано успешното реализирање на НАТО клуб со Факултетот за безбедност-Скопје во Американското катче. Од претставниците на американската амбасада е потврдено дека наскоро ќе започне проектот “Клуб на креатори за јавни политики” каде учество ќе земат студенти од Факултетот за безбедност-Скопје како и претставување на можностите за стипендирање и усовршување на професори и студенти во САД.