Регионална зимска школа за безбедност 2019

Регионална зимска школа за безбедност 2019

Во Струга се одржа шестата по ред Регионална школа за безбедност од 22.03.2019 до 24.03.2019 година во  организација на  Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на Фондацијата „Конрад Аденауер„ и Вилфред Мартенс центарот за европски студии-Брисел, а во соработка со  Центарот за истражување и креирање политики каде  учество земаа студенти, професори и лица од пракса од Република Македонија, Република Хрватска и Република Србија. 
Сертификатите за учество на Регионалната школа за безбедност ги додели Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола проф. д-р Сашо Коруновски кој се обрати пред учесниците на Школата. Од страна на Ректорот Коруновски беше нагласено исклучителното големо значење на оваа традиционална школа од областа на безбедноста, на која покрај воспоставување на соработка и бројни пријателства меѓу студентите и професорите се отвараат нови можности за размена на студентите, нивно понатамошно усовршување, споделување на искуства и знаења со своите колеги од земјите на Европската Унија и др.  Воедно нагласи дека на овој начин се прави успешен спој меѓу теоријата и праксата, и се дава придонес кон афирмација на Универзитетот, студентскиот и наставен кадар како и придонес кон поголема регионална доверба и соработка. 
За време на регионалната школа беа организирани работилници, практични вежби од страна на припадници на Специјалната единица на МВР, посета на Аеродромот ТАВ „Св.Апостол Павле„-Охрид и панел дискусии  со кои се овозможи идентификација на тесните грла во соработката, координација и спроведување на државните стратегии за безбедноста и употребата на моделот на преговарање како алатка за решавање на спротивите и евентуалните проблеми на терен.
На Регионалната школа за безбедност 2019 година што се одржа во хотел „Дрим„ во Струга, меѓу другото се дефинираа можните решенија и политики, како и потенцијалните оперативни мерки за надминување на предизвиците и подобрување на соработката, координацијата и спроведување на националните цели и политики за безбедност во земјите од Југоисточна Европа и Европската Унија. Генерална тема на регионалната школа беа: современите безбедносни предизвици, ризици и закани претставуваат резултат на нивото на интеракција помеѓу различните субјекти во рамките на глобалната безбедносна парадигма. Асиметријата и нелинеарноста се главните карактеристики на современите предизвици во глобалната безбедносна сфера.
Со идентификуваните предизвици и проблеми, како и решенијата студентите, професорите и практичарите излегоа во јавноста преку медиумите и до крајот на оваа година ќе бидат  презентирани во конечен производ на знаења и споделени преку конкретна публикација (збирка на материјали кои ќе се користат во иднина на Универзитетите во рамки на нивните студиски и предметни програми) и со тоа  има реалните резултати овој проект.
Еден тип на т.н. модерна криза произлегува од билатерантните спорови меѓу земјите во регионот, кои сме сведоци дека се решаваат по пат на преговори меѓу Скопје и Атина, Загреб и Љубљана, Белград и Приштина каде во тек се разговори и др. Од нив произлегуваат т.н. модерни кризи односно политички процес кој непосредно се одразува врз безбедноста и меѓународните односи. Токму за овие кризи зборуваа професори кои биле директно вклучени во некои од овие преговори меѓу државите.
Проектот понуди размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, студентите и практичарите од земјите од регионот. Тематски области на школата беа: Управување со кризи и справување со заедничките безбедносни предизвици; Управување со движења на бегалци и ефикасна гранична контрола; Значењето на соработката и размената на информации помеѓу безбедносните системи на земјите од Југоисточна Европа; Преговарањето како комуникациски процес во кризна состојба, криза или конфликт; Преговорите за решавање на билатерални спорови како алатка во решавањео на криза како политички процес и проблем во   безбедоста и меѓународните односи;
Проектот оствари размена, соработка и зајакнување на довербата меѓу наставниците, учениците и практичарите од земјите од регионот.
Blog Attachment