Реализирана посета на Црвен крст на Република Северна Македонија

image_url

Реализирана посета на Црвен крст на Република Северна Македонија

Во рамките на предметната програма Безбедносен менаџмент во организација на предметниот наставник проф д-р Марина Малиш Саздовска, беше реализирана посета на Црвен крст на Република Северна Македонија. При посетата предавање на студентите им оддржа Александар Стојаноски во врска со подготвеноста и дејство при катастрофи, како и за постапувањето на тимовите на Црвен крст во услови на кризни состојби. Беа презентирани активностите на припадниците на Црвен крст, од кои повеќето се волонтери, кои земале активно учество за пружање на помош при земјотресот во Албанија, поплавите во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, земјотресот во Турција, како и за спасувачките акции на теритојита на земјава.

Оваа посета е во рамките на извонредно добрата соработка која Факултетот за безбедност ја има со Црвениот крст на РС Македонија, за која очекуваме дека ќе се интезивира и унапреди во наредниот период со заеднички активности и акции.
Blog Attachment