Продеканот за наука и развој доц. д-р Марјан Ѓуровски и Раководителот на Дипломатскиот форум на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Жидас Даскаловски остварија средба со делегација на Амбасадата на Народна Република Кина во нашата држава, предводена од Н.Е. г-ѓата Јин Лисјен која се реализираше на 02.05.2019 година.
На средбата,беше изразена подготвеност за подготовка и имплементирање на проекти од интерес на Република Северна Македонија, како и динамизирање и интензивирање на односите и соработката во областа на образовната и научната дејност меѓу двете земји, во кои може да се вклучи Факултетот за безбедност-Скопје со сродни високо образовни институции од НР Кина, како и во рамки на процесот на земјите од Централна и Источна Европа и на НР Кина (Процес 16+1).
Киненската амбасадорка ја прифати пренесената покана од Деканот на Факултетот за безбендост проф. д-р Никола Дујовски и наскоро ќе го посети Факултетот и ќе оддржи предавање пред студентите во рамки на Дипломатскиот форум.
На крајот соговорниците ја истакнаа одличната соработка меѓу двете земји потенцирајќи дека најдобар доказ за тоа е 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави која се одбележува годинава.