Прв академски час за студентите на втор и трет циклус студии

image_url

Прв академски час за студентите на втор и трет циклус студии

Денес на Факултетот за безбедност се одржа првиот академски час за студентите на втор и трет циклус студии. Со почитување на препораките за заштита, пред новите студенти се обратија деканот проф. д-р Никола Дујовски, проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски, раководителот на втор циклус универзитетски студии проф. д-р Цане Мојаноски, раководителот на Советот за докторски студии проф. д-р Оливер Бачaновиќ и секретарот на Советот за докторски студии проф. д-р Марина Малиш Саздовска. Сите говорници упатија честитки до студентите и споделија значајни информации за студиите. Сите наставници ќе бидат партенери со студентите во градењето на квалитетно високо образование во областа на безбедноста.`

Blog Attachment