Промотивно ИНФО за Еразмус плус – Европските образовни програми за мобилност поблиску до студентите

image_url

Промотивно ИНФО за Еразмус плус – Европските образовни програми за мобилност поблиску до студентите

На  28.01.2020 од Факултетот за безбедност-Скопје започна новиот циклус на промотивни инфо денови кои ќе се одвива во наредните неколку недели во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид и Велес посветени на програмата Еразмус плус на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола кои се иницирааат од страна на Проректорот за студентски работи на УКЛО и институционален Еразмус координатор проф. д-р Марјан Ѓуровски со поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и стручните служби на Универзитетот и факултетските Еразмус координатори. Една од целите е создавање услови за поголема интернационализација на УКЛО и мобилност и размена со европските образовни програми и високо образовни институции нагласи проректорот Ѓуровски.

На 28.01.2020 година на Факултетот за безбедност-Скопје во библиотеката на факултетот се одржа „Инфо ден за мобилност на кадар и на студенти во рамките на програмата Еразмус плус (КА103)“. Обраќања на Еразмус промо активноста има проректорот за студентски работи, проф. д-р Марјан Ѓуровски, деканот на Факултетот за безбедност-Скопје, проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за меѓународна соработка проф.д-р Раде Рајковчевски.

На стартот на информативната кампања беа презентирани  можностите на програмата и клучната акција од претставници од Канцеларијата на меѓународна соработка на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, воедно се слушнаа искуства на студенти од Факултетот за безбедност-Скопје и од партнерските факултети, кои моментално се или биле на мобилност. На крајот презентации и излагања имаа самите студенти кои учествувале во програмата надвор од земјата, како и странски студенти кои се дел од мобилноста на Универзитетот „Св.Климент Охридски„-Битола Ненад Јурдана, Марија Ивановска, Миле Плачков, Илија Блажевски и Дора Варјачиќ.

“Еразмус плус“ е програма насочена кон зголемување на квалитетот и релевантноста на квалификациите и вештините истакна деканот професор Дујовски. Програмата е отворена за студенти, професори, наставници, стажанти, волонтери, младински работници итн. Воедно, ги поддржува реформите во земјите учеснички за модернизирање на образованието и обуката, иновациите, вработливоста и претприемништвото. Од особено значење е употребата на информатичко комуникациските алатки, европските платформи за поддршка и вмрежувањето на корисниците.

УКЛО со Националната Агенција создава одлична подлога за имплементација на оваа европска образовна програма во Република Северна Македонија, преку мобилноста, и истакнување на европската димензија и меѓународната соработка.

Меѓу другото целта на промотивните инфо денови на УКЛО е заинтересираните професори и студенти во поголем број да се вклучат со креативни идеи и програми да аплицираат и да се вклучат во програмата “Еразмус плус“, со цел максимално да се искористат бројните можности кои таа им ги нуди на нашите граѓани, студенти, професори и други заклучи продеканот Рајковчевски.

Blog Attachment