Професор Ѓуровски учествуваше на НАТО форумот „ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС„

image_url

Професор Ѓуровски учествуваше на НАТО форумот „ЕВРОАТЛАНСКИТЕ ВРЕДНОСТИ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НИЗ ПРИЗМАТА НА ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС„

На 21.12.2020 година се одржа онлајн НАТО Форум „Евроатланските вредности и општествените предизвици низ призмата на образовниот процес„ во организација на Одделот за јавна дипломатија на НАТО и ГАУС Институтот за нови технологии, иновации и трансфер на знаење на кој како воведничар и модератор учество зема проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректор на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје.
Проф. Марјан Ѓуровски нагласи дека треба да се подигне свеста кај граѓаните дека лажните вести се во функција на одолговлекување на справувањето со пандемијата и нејзиното ставање под целосна котрола, а недостигот на медиумска писменост и безбедносната и здравствената култура овозможува, вели, продор на лажни вести и хибридни закани со кои се посакува разградување на колективните безбедности и одбранбени европски системи.
-Ние како земја членка на НАТО треба да ја завршиме домашната задача. За С Македонија заврши медениот месец и тоа што таа е во брак со НАТО не значи дека некој дома треба работите за нас да ги заврши. Прво НАТО стандарот во општото секојдневно живење на граѓаните поради Ковид 19, граѓаните преку приливот на странски инвестиции не можеа веднаш да го почувствуваат, но тоа не е пречка да се работи на воспоставување на НАТО стандардите и нормите во работењето на македонските институции, правосудството, безбедносниот и одбранбениот систем.
Според него, ова е и втора можност која не треба да ја пропуштиме за да се случи катарзата на македонското општество поради неуспешниот обид на лустрацијата која ја имавме, проверката на приватизацијата во земјавата, сега преку членството во НАТО да ја реализираме т.н. безбедносна проверка на актерите и кадарот во политичкиот и безбедносен систем.
-Тоа е нужен процес кој ни е неопходен исто така и како започнување на внатрешниот процес на помирување помеѓу сите граѓани независно дали се од левицата или десницата, но и нужниот процес на помирување со македонските соседи со државите кои ја опкружуваат С Македонија, бидејќи само процесот на европеизација ќе води до зачувување на македонскиот идентитет и поодбрување на стандардот на македонскиот граѓани во економијата, во правната сигурност но и генерално во борбата против безбедносите ризици и закани, нагласи професор Ѓуровски.
На свеченото отворање кое се пренесуваше во живо на поголем дел од електронски и социјални медиуми говореше Шефот на Канцеларија на НАТО во РСМ полковник Зоран Јанковиќ, идниот македонски амбасадор во НАТО и сегашен советник за евроатлански прашања на премиерот д-р Дане Талевски, Претседателот на Евроатланскиот клуб на Република Бугарија д-р Соломон Паси и проф. д-р Игор Неделковски Проректор на УКЛО и Претседател на ГАУС Институтот за нови технологии, иновации и трансфер на знаење.
За евроатланските вредности и современите општествени предизвици говореа д-р Моника Беговиќ Претседател на Евроатланскиот клуб од Република Хрватска, проф. д-р Драган Ѓукановиќ од Белградскиот Универзитет и Амбасадорката Елена Поп Тодорова потпретседател на Евроатланскиот клуб на Република Бугарија. Во вториот панел на тема „Евроатланските вредности и образовниот процес„ се осврнаа проф. д-р Татјана Стојановска Иванова од Филозофскиот факултет при УКИМ-Скопје, проф. д-р Кирил Барбареев од Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев„-Штип, д-р Александар Стојчев Раководител на Воениот музеј при Министерството за одбрана на РСМ и Весела Богдановиќ експерт од ГАУС Институтот. За време на Форумот се промовираше истражувањето „Северноатланската Алијанса во образовниот систем на РСМ„ кое се издава во рамки на проектот финансиран од одделот за јавна дипломатија на НАТО.

Линк известувања на медиумите:
https://time.mk/?q=%D1%84%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BC&search=news

Линк до интегралната снимка од Форумот:
https://www.youtube.com/watch?v=hks7aoGnYW8

Blog Attachment