Презентација на можностите за студирање на Факултетот за безбедност

image_url

Презентација на можностите за студирање на Факултетот за безбедност

На 17.3.2021 година се одржа презентација на можностите за студирање на Факултетот за безбедност-Скопје. На настанот се обрати деканот – проф. д-р Никола Дујовски, продеканите – проф. д-р Наташа Пеливанова и проф. д-р Раде Рајковчевски и претседателката на Факултетското студентско собрание – Кристина Јаневска, кои на крајот од настанот одговараа на прашања од идните бруцоши.

Презентацијата беше дел од редовните активности кои факултетот секоја година ги спроведува за информирање на потенцијалните студенти од средните училишта и е во рамките во соработката со Град Скопје.

Целата презентација може да ја преземете тука.

За сите дополнителни информации поврзани со уписите може да ни се обратите на следните е- адреси:

fbs@fb.uklo.edu.mk – службена е-адреса на Факултетот

kristina.janevska@uklo.edu.mk – студентска е-адреса на претседателката на Факултетското студентско собрание

Со почит,

Факултет за безбедност-Скопје

Факултетско студентско собрание

Blog Attachment