ПРЕЗЕНТАЦИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

image_url

ПРЕЗЕНТАЦИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

ПРЕЗЕНТАЦИИ НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Со можностите за студирање на 03.03.2020 година се запознаа од Проректорот на УКЛО и професор на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Марјан Ѓуровски средношколците од СМУ “д-р Панче Караѓозов”, а во наредните денови вакви презентации од професорите од Факултетот за безбедност-Скопке ќе се одржат во сите средни училишта на Град Скопје и поголем дел од државата. Целта на оваа активност е да им се овозможи на учениците низ разговор и непосредна комуникација со претставниците на Факултетот за безбедност Скопје, во својот училишен амбиент и во денот определен за запознавање со факултетот, да добијат одговор за можностите за студирање и врз основа на релевантни информации да донесат одлуки за својот професионален развој. На овој начин, со непосреден контакт и комуникација, на учениците им се помага во изборот на својата професија, се поттикнуваат да ги промислат и превреднуваат своите одлуки и се насочуваат фокусирано да истражуваат за одредена професија.
Од особена важност за учениците е од официјалните претставници на Факултетот за безбедност и УКЛО навремено и прецизно да се информираат за потенцијалните можности кои се нудат за време на студирањето. Впрочем, една од причините за оваа иницијатива е и фактот дека голем број матуранти сè уште не донеле одлука во која дејност сакаат да се профилираат.