Покана за присуство на проектот „Мојата успешна приказна„ говорник Виктор Мизо

image_url

Покана за присуство на проектот „Мојата успешна приказна„ говорник Виктор Мизо

Почитувани,

Во рамките на активностите кои ги реализира Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Центарот за кариера, алумни и доживотно учење во функција на промоција на студиските програми и воспоставување на поинтензивна соработка со бизнис заедницата, а во рамките на проектот „Мојата успешна приказна“, утре 14.04.2021 г. (среда) со почеток од 13.30ч. ќе имате можност да го проследите обраќањето на г-нот Виктор Мизо, генерален менаџер на KOSTAL Охрид кој ќе одговара на прашања на професорите и студентите.
Ова е можност да воспоставиме поблиска соработка со овој значаен производствен капацитет во земјата и давање на можност дел од нашите студенти својата иднина и кариера ја пронајдат во оваа германска инвестиција и продолжат во неа по дипломирањето со нивниот развој, животна и професионална кариера, како и усовршување.

Ве покануваме да се вклучите и бидете дел од овој проект кој ќе го реализирам со говорници и предлози од секоја единица на нашиот Универзитет.
Однапред Ви благодариме за Вашето присуство.

Настанот можете да го следите преку следниот линк:

meet.google.com/hkh-vqfo-pvd

Срдечен поздрав
проф. д-р Марјан Ѓуровски
Проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола