Плакета од Факултетот за безбедност – Скопје за Претседателот Стево Пендаровски

Плакета од Факултетот за безбедност – Скопје за Претседателот Стево Пендаровски

На 09.10.2019 година Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски го посети Факултетот за безбедност-Скопје. Во Деканотот се одржа средба на претседателот Пендаровски со Проректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. д-р Марјан Ѓуровски, Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Наташа Пеливанова. На состанокот се разговараше за текот на работата на Универзитетот со посебен осврт на Факултетот за безбедност и универзитетското образование од областа на безбедноста, криминалистиката, криминологијата и безбедноста и евроатланските интеграции која се реализира на оваа високо образовна институција членка на УКЛО. Воедно студентите од Факултетот за безбедност-Скопје имаа можност да остварат средба со Претседателот Пендаровски кој се заинтересира за нивното студирање и нивната понатамошна иднина како кадар за потребите на безбедносните институции во државата и другите недржавни актери од безбедносниот систем на земјата.
Од страна на Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски на Претседателот на Република Северна Македоинија д-р Стево Пендаровски му беше врачена плакета за досегашната успешна соработка и поддршка, подвлекувајќи дека Пендаровски е прв претседател по 42 години кој за првпат доаѓа во таа институција.
Факултетот за безбедност – Скопје беше домаќин на научно-стручна расправа на тема: „Стратешки приоритети во безбедноста и одбраната-Република Северна Македонија по членството во НАТО“ која се организираше во соработка со Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.
Дебатата ја отвори Претседателот на Република Северна Македонија д-р Стево Пендаровски, а се обрати и Деканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф.д-р Никола Дујовски. Панел воведничари беа проф. д-р Марјан Ѓуровски Проректор на Универзитетот „Св.Климент Охридски„ проф. Саше Герасимовски, проф.Марјан Николовски и проф. Александар Иванов од Факултетот за безбедност-Скопје, а говореа и членовите на Советот за национална безбедност проф. д-р Трајан Гоцевски и проф. д-р Ветон Љатифи. Повод за одржување на дебатата беше разгледување на предлог Стратегијата за одбрана на Република Северна Македонија која е предмет на расправа пред донесување од Претседателот на Република Северна Македонија.

Blog Attachment