Панел дискусија на тема: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита

Панел дискусија на тема: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита

На 11 април 2019 година, во организација на Македонскиот полициски синдикат и Фондацијата Фридрих Еберт се одржа Панел дискусија на тема: Јакнење на кривично-правната и прекршочната заштита на овластените службени лица со посебен акцент на кривичните дела и прекршоци сторени против полициските службеници. На покана на Македонскиот полициски синдикат, деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски имаше свое обраќање, во кое ја истакна подготвеноста на Факултетот за безбедност да ги поддржи различните активности на Министерството за внатрешни работи и на Македонскиот полициски синдикат. Панелисти на дебата беа и Министерот за внатрешни работи г-н Оливер Спасовски, Ханс Венгенмеир од Советот на Европски полициски синдикати, судијката Маргарита Цаца Николовска, вишиот јавен обвинител и претседател на Здружението на јавни обвинители д-р Тодор Витларов, врховниот судија и претседател на Здружението на судии д-р Џемали Саити, д-р Марјан Кицев, Генерален Секретар на Македонски полициски синдикат, претставник на ОБСЕ и на Хелсиншкиот комитет.

Blog Attachment