Официјално отворање на Меѓународната научна конференција во Охрид на тема „THE EURO-ATLANTIC VALUES IN THE BALKAN COUNTRIES“

image_url

Официјално отворање на Меѓународната научна конференција во Охрид на тема „THE EURO-ATLANTIC VALUES IN THE BALKAN COUNTRIES“

Факултетот за безбедност-Скопје со поддршка на фондацијата Ханс Зајдел, во периодот 22-24 септември организираше 11-та по ред Меѓународна научна конференција во хотел Метропол, Охрид на тема „THE EURO-ATLANTIC VALUES IN THE BALKAN COUNTRIES “.

Освен бројните учесници од државата на кои се одржаа две сесии со физичко присуство согласно протоколите на Владата за РС Македонија, се одржи и виртуелна сесија на која учесниците надвор од државата или оние кои не можеа физички да присуствуваат имаа можност да ги презентираат своите трудови.

На официјалното отворање на конференцијата имаше повеќе говорници, претставници на академската заедница, претставници на институциите и други гости.

Помеѓу останатите на свеченото обраќање се обратија: Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, г-н Оливер Спасовски, Проректорот за студентски прашања на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, проф.д-р Марјан Ѓуровски, Проректорот за меѓународни односи на Државниот тетовски универзитет, д-р Шефик Шеку, Претседателката на Комората за приватно обезбедување на Република Северна Македонија, м-р Верица Милевска-Стефановска, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф,д-р Никола Дујовски.

Од конференцијата произлегоа значајни заклучоци кои ќе бидат испратени на релевантните субјекти во државата, а се забележа дека истата беше исклучително  добро медиумски претставена што несомнено влијае позитивно на афирмација на самиот факултет и Универзитет.

Самите учесници изразија честитки за успехот на Факултетот за безбедност-Скопје, кој и покрај исклучителните вонредни околности поврзани со актуелната пандемија, успеа да организира настан со физичко присуство согласно сите протоколи.

Blog Attachment