Одржано предавање од доц. д-р Маја Тимовска

Одржано предавање од доц. д-р Маја Тимовска

На 22.5.2019 година во рамките на предметната програма Безбедносни стратегии и менаџмент, а во организација на предметниот наставник ред. проф. д-р Марина Малиш Саздовска, настава одржа доц. д-р Маја Тимовска, избрана за клиничка настава на Факултетот за безбедност Скопје. Предавањето се однесуваше на улогата на Дирекцијата за заштита и спасување во услови на кризи и кризни состојби. При тоа детално беа објаснети фазите на управување со кризните состојби во земјата, надлежностите и овластувањата на вработените во дирекцијата, како и конкретните активности на терен во услови на природни и други непогоди.
На крајот на предавањето студентите поставија бројни прашања, а беше развиена и плодна дискусија на гореневедите теми од областа на заштитата и спасувањето.
Blog Attachment