Одржано онлајн предавање од д-р Виктор Димовски, Директор на Агенција за национална безбедност на Република Северна Македонија

image_url

Одржано онлајн предавање од д-р Виктор Димовски, Директор на Агенција за национална безбедност на Република Северна Македонија

Факултетот за безбедност продолжува со добрата практика да организира работни средби и предавања за студентите и вработени на факултетот, кои ги реализираат раководителите на безбедносните институции во Република Северна Македонија.

Денес, на 28 април 2021 година, бевме горди домаќини на Директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски кој одржа он-лајн/on-line  предавање на тема: „Местото и улогата на Агенцијата за национална безбедност во безбедносниот систем на Република Северна Македонија

Студентите имаа можност во директна комуникација со директорот д-р Димовски, да поставуваат прашања и да се информираат за начините на работа и резултатите кои ги постигнува Агенцијата во изминатите неколку години од формирањето.

Предавањето предизвика голем интерес кај самите студенти за што сведочи и нивната присутност со над 160 присутни на предавањето.

Деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски изрази благодарност до директорот на Агенцијата за национална безбедност д-р Виктор Димовски за одржаното предавање и за успешната соработка со Факултетот за безбедност Скопје. Дополнителна вредност на денешниот настан, но и на добрата соработка помеѓу Факултетот и Агенцијата е и фактот што директорот д-р Димовски е и самиот дипломиран студент од втората генерација на Факултетот за безбедност од далечната 1978-1982 година.

 

ФАКУЛТЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ