Одржано „Академско он-лајн кафе со Министерката Радмила Шекеринска

image_url

Одржано „Академско он-лајн кафе со Министерката Радмила Шекеринска

На 10 декември 2020 година се одржа „Академско он-лајн кафе со Министерката Радмила Шекеринска“ на кој присуствуваа студенти од сите циклуси студии и професорите од Факултетот за безбедност. Настанот беше извонредно искуство на срдечен и отворен разговор, студентите имаа можност да слушнат силни пораки од Министерката и да разменат искуства за нивниот понатамошен професионален развој.

Министерката Шекеринска секогаш е одличен соговорник и предизвика големо внимание и интерес кај присутните. Деканот на Факултетот за безбедност, проф. д-р Никола Дујовски се заблагодари за укажаната чест и на министерката и додели „он-лајн“ Благодарница.

Факултет за безбедност

Blog Attachment