Одржана свечена промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје

image_url

Одржана свечена промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје

На 20.12.2019 година се одржа свечена промоција на дипломирани и магистрирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје. На настанот покрај деканот на факултетот – вон.проф. д-р Никола Дујовски, се обрати Драгана Зафировска – најдобрата студентка од студиската програма „Криминологија и криминална политика“ на прв циклус студии (која студиите ги заврши со просек 9,16), проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола – вон.проф. д-р Марјан Ѓуровски и министерот за внатрешни работи – г-н Оливер Спасовски.

Blog Attachment