На 16.09.2020 година на Факултетот за безбедност-Скопје се одржа средба со Секретарот на Општинска организација на Црвен крст во општина Гази Баба

image_url

На 16.09.2020 година на Факултетот за безбедност-Скопје се одржа средба со Секретарот на Општинска организација на Црвен крст во општина Гази Баба

На ден 16.09.2020 година, вонреден проф. д-р Никола Дујовски, Декан на Факултетот за безбедност – Скопје заедно со проф. д-р Снежана Мојсоска, Претседател на Основната организација на Црвен крст при Факултетот за безбедност – Скопје и проф. д-р Борис Мургоски, член на Основната организација на Црвен крст при Факултетот за безбедност – Скопје, остварија средба со г-н Здравко Георгиевски, Секретар на Општинска организација на Црвен крст во општина Гази Баба.

На средбата беше договорено во наредните месеци да се организираат вработените и студентите од Факултетот за безбедност – Скопје да даруваат крв во совоите родни градови, во дневниот центар за дарување крв во Домот на хуманитарни организации Даре Џамбаз – Скопје или во Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

Благодарение на добрата соработка помеѓу Факултетот за безбедност Скопје и Црвеникот крст на Република Северна Македонија, беше договорено да се донираат пакети со прехранбени производи и пакети со средства за хигиена на социјално загрозените семејства на територија на општина Гази Баба, со апел до вработените на Факултетот за безбедност – Скопје, доколку познаваат социјално загрозени семејства од територијата на општина Гази баба да достават информација за истите.

Blog Attachment