Одржана средба со дипломирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје

image_url

Одржана средба со дипломирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје

Одржана средба со дипломирани студенти на Факултетот за безбедност-Скопје

 

На 06.02.2020 година, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. д-р Никола Дујовски и Продеканот за настава проф. д-р Наташа Пеливанова,  на барање на дипломирани студенти од Факултетот за безбедност одржаа средба на која дипломираните студенти им се пожалија дека имаат проблем околу наоѓање  работа, побараа  насоки и совети  како полесно да најдат работа и побараа совет во смисла на тоа дали да ја продолжат нивната едукација преку запишување на постдипломски студии, курсеви за компјутери, странски јазик и сл.

Деканот и продеканот за настава, со особено внимание и интерес ги сослушаа пристутните. Деканот им укажа на тоа дека од година во година се намалува број на невработени дипломирани студенти од Факултетот за безбедност. Тој потенцираше дека често остварува работни средби со МВР и со сите други институции од областа на безбедноста на тема вработување на студенти кои дипломирале или ќе дипломираат на Факултетот за безбедност. Им појасни дека не само тој, туку и продеканите и наставниците се подоготвени да им дадат препораки и да ги превземат сите активности во насока на создавање услови за вработувавање на дипломираните студенти.

Деканот ги потсети присутните дека во текот на нивното студирање, Факултетот за безбедност организирал и настан „денови на кариера“, на кој настан покрај бројните пристуни гости од областа на безбедноста како од јавниот така и од приватниот сектор, можност за учество имале и студентите, кои можеле да се претстават преку свои презентации и да се промовираат лично, за во иднина.

Деканот Дујовски им порача на студентите дека не треба да се разочаруваат, дека апсолутно треба да вложат напори во нивната доедукација, дека треба да имаат во предвид дека за одредени места во МВР мораат да имаат академски кредити кои исклучиво можат да се добијат преку запишување на постдипломски студии, дека треба да имаат познавања и од комјутери и познавања од англиски јазик, затоа што тоа е законска обврска односно услов при вработување. Особено истакна дека образованието на престанува со добивањето диплома, и дека треба да вложуваат напори во дополнителна едукација и усовршување на вештини кои се потребни за нивно полесно вработување и унапредување.

Продеканот за настава, ги советуваше дипломираните студенти дека општествените текови наметнуваат нужна потреба од лична надоградба, познавање на законските прописи и да бидат свесни дека само со знаење можат да ги остварат своите амбиции и животни желби.

Факултетот за безбедност ќе продолжи да биде партнер со дипломираните студенти и во текот на нивните кариери во безбедносниоте институции во државата.

Blog Attachment