Одржана научно-стручна дебата на тема: Превентивни и форензички аспекти на намалувањето на ризиците од катастрофи

image_url

Одржана научно-стручна дебата на тема: Превентивни и форензички аспекти на намалувањето на ризиците од катастрофи

На 20.11.2019 г. (среда), со почеток во 11.00 ч. во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа  научно-стручна дебата на тема: Превентивни и форензички аспекти на намалувањето на ризиците од катастрофи, во организација на Факултетот за безбедност-Скопје (УКЛО) и Институтот за социолошки и политичко правни истражување од Скопје (УКИМ).

Оваа научно-стручна расправа се спроведува во рамки на научно истражувачки проект со наслов „Воспоставување на академска мрежа за истражување и студии во доменот на намалување на ризици од катастрофи“. Целта на овој проект претставува актуелизирање на теми поврзани со ризиците од катастрофи, зајакнување на институционалната и персоналната соработка на истражувачите и професионалците кои работат во оваа област, како и генерално подигнување на општата и професионалната свест за процесите кои се поврзани со ризиците од катастрофи.

Проектот го најавија и расправата ја отворија проф.д-р Никола Дујовски, декан на Факултетот за безбедност-Скопје и проф.д-р Бојана Наумовска, Директор на Институтот за социолошки и политичко правни науки.

На настанот од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, а до неодамжна Претседател на Советот на експери на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, проф.д-р Климе Попоски имаше предавање поврзано со Осигурувањето како фактор во намалувањето на ризици од катастрофи.

Дарко Блинков,  Советник за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација  на работата на Државен инспекторат за животна средина ги презентираше состојбите во Државниот инспекторат за животна средина во однос на спроведувањето на законодавството од областа.

Проф.д-р Марина Малиш-Саздовска, професор по предметот еколошка криминалистика зборување за форензичките аспекти на справување со природна катастрофа, а особен осврт обрна на ситуационото вештачење.

Проф.д-р Драгана Черник од Сеизмолошката обсерваторија при природно-математичкиот факултет од Скопје одржа предавање за земјотресите како природен феномен, и ги информираше присутните за тоа какви се состојбите во нашето општество, материјални, човечки, екперски, лабараториски и слично.

За збор се јавија голем број од присутните, покажувајќи особен интерес и задоволство од презентираните податоци, укажувајќи на нивната релеватност, актуелност и итност.

Од диксусиите произлегоа повеќе заклучоци кои ќе бидат предмет на дополнителна анализа, но би издвоиле дека:

  • Вмрежувањето на академската мрежа е единствен долгорочен метод за сузбивање на ат-хок решенија за прашања кои бараат стратегиски пристап и долгорочни политикии, независни од политичките и другите фактори.
  • Во делот на намалувањето на ризици од катастрофи постои голем простор за подобрување на состојбите и градење на отпорно општество;
  • Потребна е итна едукативна програма за сите чинители во процесот на намалување на ризици од катастрофи, а со цел подобрување на мотивацијата, лично вмрежување, обезсуетување како лична карактеристика, како и ставење на приоритет на потребата од тоа системите во државата да функционираат како ланец на непрекинати садови, а не како резултат на моментална политичка волја;
  • Потребно е да се гради инситуционална меморија и истата да се пренесува и остваруваат добрите практики во континуитет, бидејќи секој дисконтинуитет е почеток од почеток, загубено време и загубени средства;

 

Скопје, 22 ноември, 2019 г

Blog Attachment