Одржана дебата на тема „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“

image_url

Одржана дебата на тема „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“

На Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 2.12.2019 година Проректорот на УКЛО проф. д-р Марјан Ѓуровски од Факултетот за безбедност зема учество на дебата на тема „Членството во НАТО како гаранција за сигурна иднина на младите“. Пред академскиот аудиториум во Битола професорот д-р Ѓуровски, истакна дека НАТО е предворје за ЕУ, цивилизациска придобивка, чест и привилегија, но и обврска. Членството во НАТО ќе го означи крајот на повеќедецениската македонска транзиција. Дебатата со проректорот Ѓуровски се одржа во рамките на НАТО карванот кој поминува низ повеќе градови во земјава во организација на Инфо-центарот за евроатлантски интеграции, Граѓанската асоцијација МОСТ, Секторот за јавна дипломатија на НАТО, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, британска амбасада во Скопје и Министерството за надворешни работи на РСМ. Повеќе на следниот линк: https://www.fakulteti.mk/mobile/news/03122019/debata-na-uklo-chlenstvoto-vo-nato-otvora-mozhnosti-za-usovrshuvanje-na-studentite-i-profesorite