Одржана академска дебата на Факултетот за безбедност-Скопје на 25.12.2019 година

image_url

Одржана академска дебата на Факултетот за безбедност-Скопје на 25.12.2019 година

На 25.12.2019 година во амфитеатарот на Факултетот за безбедност-Скопје се одржа академска дебата со Заменик Претседателот на Владата и Министер за внатрешни работи г-дин Оливер Спасовски, кој пред професорите и студентите зборуваше за трендовите на криминалитетот во општеството, за реформите во безбедносниот сектор и за значењето на квалитетното образование во областа на безбедноста. Студентите се интересираа за одредени кривични дела, особено од областа на организираниот криминал и корупцијата, како и за соработката помеѓу МВР и другите органи за прогон. Проф. Марјан Николовски, раководител на Катедрата за Криминалистички науки во своето обраќање говореше за значењето на истражувањата кои се спроведуваат на Факултетот за безбедност, како и за трендовите во организираниот криминал.

Деканот Дујовски и ректорот на УКЛО проф. Сашо Коруновски доделија благодарница на Министерот Спасовски и на проф. Николовски.

Првично говорниците ги презентираа трендовите и одредена статистика поврзани со криминалот во државата. Подоцна, во рамките на дискусијата и врз основа на прашањата поставени од аудиториумот, се разговараше за состојбите и перспективата на Министерството за внатрешни работи во однос на справувањето со организираниот криминал и како научно-истражувачката дејност може да биде корисна алатка во целокупниот процес.
Blog Attachment