Одржан кампот „РЕАКТ 2019“ посветен на евроатлантските интеграции и безбедноста

Одржан кампот „РЕАКТ 2019“ посветен на евроатлантските интеграции и безбедноста

Во периодот 3-8.9.2019 година во Жабљак (Црна Гора), во организација на НВО „Алфа Центар“ од Никшиќ и партнерите,  традиционално по дванаесетти пат, се одржа кампот „РЕАКТ 2019“ посветен на евроатлантските интеграции и безбедноста.
 
На настанот, на кој имаше повеќе од 70 предавачи и слушатели од Југоисточна и Централна Европа, во панелот за Западниот Балкан на патот кон ЕУ и НАТО предавање одржа вон. проф. д-р Раде Рајковчевски.
 
Како и речиси секоја година, оваа година четири студенти од Факултет за безбедност-Скопје учестуваа на настанот. Колегите Елена Ивковска, Филип Јанковски, Иван Младеновски и Драган Петровиќ од студиските програми „Криминалистика“ и „Безбедност“ имаа можност да учествуваат во панел дискусиите. Во неформалниот дел, нашите студенти го презентираа Факултетот за безбедност, традиционалната македонска храна и пијалоци, во вечерта посветена на учесниците од земјите-учеснички.
Blog Attachment